Целта на стратегијата на Европската унија „ Од фарма до вилушка“ е 25 % од земјоделското земјиште во ЕУ да се обработува органски и тоа до 2030 година, што претставува тројно зголемување, пренесува Еуроактив.ком.
Стратегијата која е објавена на 20 мај после неколку одлагања, го нагласува потенцијалот на органското земјоделство за зачувување на околината и создавање на одржлив земјоделски систем.
– „ Пазарот на органска храна продолжува да расте и органското земјоделство треба и понатаму да се промовира “, пишува во стратегијата , истакнувајќи дека тоа има „ позитивно влијание на биодиверзитетот, создава работни места и привлекува млади земјоделци“.
Се додава уште дека, Комисијата ќе го претстави планот за органско земјоделство, осмислен за да им помогне на земјите членки „да го стимулираат органското производство, а со тоа и понуда и побарувачка за органски производи“, и дека ќе работат на обезбедување на довербата на потрошувачите.
Стратегијата исто така се фокусира на значење на безбедносниот систем, истакнувајќи дека земјоделците мораат да имаат пристап до низа квалитетни семиња за растителни сорти прилагодени на климатските промени“.
Европското здружение за органско производство ја поздрави оваа исклучително значајната одлука, органското производство да се стави во центарот на идниот европски систем на исхрана.
Извор: EurActiv
