Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вино во лименки: заблуда или практична амбалажа?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Вино во лименки: заблуда или практична амбалажа?
МагазинПазари

Вино во лименки: заблуда или практична амбалажа?

Објавено 26/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вино во лименка – заблуда или извонредно практична амбалажа која во иднина ќе се користи се повеќе?

За винското списание SevenFiftyDaily нема дилема: Иднинината лежи во вино во конзерви, кон  овој начин на пакување се вртат  дури и врвните винарии.

Со години на виното во лименка се гледаше како на евтина алтернатива за флаширање, но од неодамна овој став почна да се менува – исто како што од неодамна се смени и ставот спрема затворачите со навртување, кои денес малку кој гледа како на знак дека во шишето е некое ефтино вино.

– „ Долго имав негативен став кон виното во лименка, бидејќи тоа не е начин на кој сакав да консумирам врвни вина “, – вели Роб Мекмилан, основач на винскиот оддел во  Silicon Valley Bank и автор на годишниот извештај за винската индустрија, кој оваа банка со години редовно го прави за потребите на луѓето кои на виното гледаат како на инвестиција.

– „ Игнорирањето на воој сегмент воедно претставува  игнорирање на еден од начините младите луѓе да навлезат во светот на виното. Исто така малата зафатнина на лименката во однос на стандардното шише овозможува дегустација на подобри вина по пониски цени“, вели Мекмилан.

Неговите наводи ги потврдуваат и високите бројки. Агенцијата Нилсен пресметала дека продажбата на вино во лименка само во текот на 2019 година пораснала за дури 79,2% во однос на 2018 .

Имајќи го сево ова во предвид, не е за чудење фактот што во САД големите и моќни винарии почнаа да го следат патот кој го трасира винаријата„ Francis Ford Coppola“. Овие гиганти на калифорниското винарство воедно се и пионери во продажба на вино во лиемнка и со тоа почнаа уште пред 15 години. Сега им се придружуваат и моќните брендови како што се E. J. Gallo и Constellation, кои произведуваат десетина познати етикети, од најевтини вина до оние ексклузивните од долините на Напа и Сонома.

Една од винариите која одлучи да продава врвни вина во лименка е винаријата Larkin Wines од Напа. Тие велат дека главна причина за ваквата одлуката да создадат линија на вино во конзерви е неможноста на плажа да се носат стаклени шишиња, бидејќи тоа го диктираат калифорниските правила.

Шон Ларкин, основач на оваа винарија која инсистира на органски стандарди, пушти во продажба пакети од 12 избрани бели, розе и црвени вина кои чинат 144 американски долари.

Јужноафриканската винарија Lubanzi Wines е една  од првите во оваа земја чии основачи го сватија потенцијалот на вино во лименка. Тие почнаа да продаваат пакети од четири лименки бело вино  „Шенон бланк“ по цена од 30 американски долари.

Во оваа винска куќа наведуваат дека за производство на вино во лименка се одлучиле затоа што сватиле дека стакленото пакување едноставно не е добар избор за оние кои сакаат да пијат вино во природа, на кампувања и излети со ранци на грб. 

Извор: Аgronews

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:бино во лименкивинонова амбалажа на виното
Претходен напис ЕУ има намера да ги зголеми површините за органско производство
Следен напис „Чичо“ се пресели во пиварата во Ваљево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?