Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Факултетот за земјоделски науки и храна е темел, а воедно и двигател на развојот на македонското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Трипуновски: Факултетот за земјоделски науки и храна е темел, а воедно и двигател на развојот на македонското земјоделство
Агровест

Трипуновски: Факултетот за земјоделски науки и храна е темел, а воедно и двигател на развојот на македонското земјоделство

Објавено 16/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски се обрати денеска  по повод 78 години од постоењето на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, една од најзначајните високообразовни и научни институции во државата, која со децении е темел, а воедно и двигател на развојот на македонското земјоделство.

„Факултетот е расадник на знаење, струка и наука, создава кадар што директно придонесува за модерно, конкурентно и одржливо земјоделство, безбедна и квалитетна храна и одговорно користење на природните ресурси“, истакна министерот.

Министерот посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја препознава стратешката улога на Факултетот во креирањето и спроведувањето на аграрните политики. Голем дел од експертите во агросекторот се токму негови поранешни студенти и професори, што е најдобра потврда за квалитетот на оваа институција.

„Продолжуваме со силна поддршка на науката и образованието, преку меѓународни проекти, модернизација на лабораториската инфраструктура и заедничка организација на значајни настани, како Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна – ISAF 2025“, додаде министерот Трипуновски.

При своето обраќање министерот истакна – „Нашата заедничка цел е јасна, модерно и конкурентно земјоделство, одржливо управување со природните ресурси и млад кадар кој ќе остане и ќе создава во Македонија. Убеден сум дека и во иднина Факултетот за земјоделски науки и храна ќе продолжи да биде столб на знаење и партнер на државата во градењето на силен и одржлив аграр“.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот
Следен напис (ВИДЕО) Земјоделците бараат да се цени тутунот по класи: Инвестираме во квалитет, а се откупува само во една класа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?