Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот
Агровести

Сојуз на земјоделски здруженија: Откупен е половина од родот на тутунот

Објавено 16/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот е со забрзано темпо и досега се преземени половината од количествата на годинашнава реколта, велат од Сојузот на земјоделските здруженија. Откупени се  11.370 тони од реколтата што Сојузот ја проценува на околу 22.000 тони по просечна цена од 419,86 денари. Со ова темпо, како што велат, родот, главно, ќе се преземе до Нова година.

-Во моментов се отворени сите 337 ваги во земјава. Интезивно се откупува тутунот. До вчерашниот ден се откупени 11.370 тони тутун, и речиси сиот во прва класа, зашто просечната цена е 419,86 денари за килограм. Во моментов компаниите откупуваат без одбитоци и тутунарите се задоволни од процената и сакаат што побврзо да го предатат родот и да си ги земат парите кои се исплаќаат во рок од два до три дена. Со ова темпо тутунот ќе се купи, оној летниот, односно 18 до 19.000 тони до крајот на декември, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Оној тутун што е влажен ќе се купи по Нова година зашто треба да се досуши, но нема да остане неоткупен тутун од годинашнава реколта. Од Сојузот велат дека со склучувањето нови договори ќе инсистираат да бидат рамноправни партнери со откупувачите и ќе инсистираат на измени во законот.

– Ние не се откажуваме од барањето за повисока цена. Имаме поддршка од ресорното министерство за измени и новите договори за производство тутунарите да не ги склучуваат без согласност на Сојузот и со утврдување на повисоки цени. Тоа секоја година се говори, точно е, но ја имаме поддршката и можноста преку законските измени, вели Ристески.

Тутунарите немаат забелешка на проценката, но останува нивното барање за повисоки цени зашто трошоците се зголемени.

Инаку, вчера, 15 декември, според Законот беше последниот ден сите 10 откупувачи да почнат да го купуваат родот. Откупот на тутунот, законски трае до 28 февруари. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ОткупенродотСојуз на земјоделски здруженијатутунот
Претходен напис УХМР: Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени – 6 степени
Следен напис Трипуновски: Факултетот за земјоделски науки и храна е темел, а воедно и двигател на развојот на македонското земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?