Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Земјоделците бараат да се цени тутунот по класи: Инвестираме во квалитет, а се откупува само во една класа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Земјоделците бараат да се цени тутунот по класи: Инвестираме во квалитет, а се откупува само во една класа
Агровести

(ВИДЕО) Земјоделците бараат да се цени тутунот по класи: Инвестираме во квалитет, а се откупува само во една класа

Објавено 16/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До вчера се откупени 11.370.000 кг. на тутун што е околу полoвина од годинешната реколта. Според Сојузот на тутунарски здруженија во моментов имало трка кај откупувачите кој ќе откупи повеќе килограми на тутун, а доколку продолжела ваквата динамика целиот род ќе се откупел за 10 до 15 дена. Во моментов тутунот се откупувал само во прва класа, а просечната цена е 419 денари за килограм, информира Сител.

„Динамиката е зголемена затоа што тутунопроизводителите се задоволни од самиот начин на купување на тутунот, се купува сето на прва класа, во моментов не се одбива кало, просечната цена е 419, 86 денари, со оваа цена се задоволни тутунопроизводителите и сакаат што поскоро да си го предадат тутунот и да си ги добијат заработените пари “, вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Оние пак тутунопроивзодители кои произведуваат квалитетен тутун, не се задоволни со сегашните цени и начин на откуп. Бараат да се откупува по класи, затоа што сега се се откупува во една класа.

„На пример првата класа доаѓа како трета класа, нека го ценат по класи, а не се да биде исто. Секој не вложува ист труд за тутунот. Треба да има ценовник по класи, како што е според Законот за тутун“, истакна Аце Наумоски, тутунопроизводител на Прилеп.

„Генерално сум задоволен, на почетокот беше што би рекле ние народски „повуци – потегни“ но сето тоа се нормализира. Сега мора да кажам дека тутунарите се надеваа на 20 до 30 денари повисока цена, но од икс причини не се успеа во тоа. Но генерално сме задоволни“, додаде Ристо Џамбазов, тутунопроизводител на Прилеп.

Од Сојузот на тутунарски здруженија велат дека со идните измени на Законот за тутун кои се во тек, ќе бараат без нивни потпис и согласност за откупната цена да неможе да се склучуваат договори.

Извор – Сител

СИНПЕКС: Ѓубрерастурачи, фрези, мулчери, плугови и пумпи на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА СО ДАЈНЕРС!

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделциинветирањеоткуп
Претходен напис Трипуновски: Факултетот за земјоделски науки и храна е темел, а воедно и двигател на развојот на македонското земјоделство
Следен напис Трипуновски: Обезбедивме грант за проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?