Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
Агровест

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна

Објавено 15/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектирањето на буџетот за 2026 година претставуваше сериозен и комплексен предизвик, пред сè поради обврската на Владата за фискална консолидација, но со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во гостувањето во Тема на денот на телевизија Сител.

-Предизвикувачки беше да се направи Буџетот за 2026 година притоа имајќи предвид дека ние се обврзавме на фискална консолидација, а тоа е нешто што очекувавме дека ќе го спроведе претходната Влада, но, тоа не се случи и за разлика од соседните земји што успеаја да се консолодиираат нас ни остана тој предизвик, посочи министерката.

Таа истакна дека дополнителен предизвик било тоа што треба да се вратат две милијарди евра следната година, коишто, како што рече, претходната власт ги направила со едно душманско и неконтролирано трошење, уверувајќи притоа дека граѓаните треба да бидат спокојни.

-Граѓаните можат да бидат спокојни – не станува збор за нов долг. Напротив, целта е стабилизација и консолидирање на јавниот долг, што веруваме дека ќе го постигнеме порано од проектираните рокови, рече министерката.

Како што нагласи таа, приходите се проектирани внимателно и реално, а со економскиот раст постои можност за надминување на планираните бројки. Додаде дека расходите се прецизно планирани, со јасна аргументација за секое оптимизирање.

Министерката се осврна и на критиките за наводно кратење на социјалната помош, истакнувајќи дека бројот на корисници се намалува како резултат на подобрено управување и интеграција на дел од нив на пазарот на труд.

-Има реакции дека има кратење кај социјалната помош, меѓутоа никој не зборува дека гарантираната минимална помош последната година, благодарение на менаџментот или добротор управување во Министерството за социјална политика, имаме сериозно намалување на тој трошок заради тоа што голем дел од тие луѓе се здрави прави луѓе кои можат да работат и во услови кога имаме недостиг на работна сила тие веќе преку пазарот на труд успеваат да добијат работа, рече Димитриеска Кочоска.

Потенцира дека за Владата фокус ќе бидат лицата со попреченост да имаат средства.

-Фокус ни е секогаш да има средства за лицата со попреченост, за нас лицата со попреченост секогаш ќе го имаат приоритетот и посебно внимание. Во овој буџет лицата со попреченост се комлетно покриени, нагласи министерката.

Во однос на капиталните расходи, Димитриеска-Кочоска потенцира дека бројките говорат за реални инвестиции. Заклучно со 13 ноември, реализацијата изнесува 22,1 милијарди денари, а по старата методологија достигнува 28 милијарди денари што е за 47,4 проценти повеќе од претходната година. 

-Буџетот за 2026 година предвидува 40 милијарди денари за капитални инвестиции, што е реално и остварливо, земајќи ги предвид капацитетите и состојбите на градежниот сектор, кажа Димитриеска-Кочоска.

Министерката нагласи дека Буџетот ги опфаќа сите законски обврски на државата – кон пензионерите, работниците и приватниот сектор. Пензиите ќе бидат усогласени согласно законските обврски, вклучително и априлското зголемување од околу 1.000 денари и редовното усогласување во септември. Минималната плата и сите надоместоци исто така се пресметуваат согласно законската методологија.

-Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен. Граѓаните можат да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна, сите обврски се покриени, пензиите и платите се безбедни, а капиталните проекти навистина се реализираат, рече таа. нд/сст/

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Димитриеска-Кочоска за ИПАРД: Целиот процес на проверки нема да биде брз, но тоа не значи дека ќе трае со месеци
Следен напис Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани, полека го комплетираме цел патен Коридор 8
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?