Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска за ИПАРД: Целиот процес на проверки нема да биде брз, но тоа не значи дека ќе трае со месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Димитриеска-Кочоска за ИПАРД: Целиот процес на проверки нема да биде брз, но тоа не значи дека ќе трае со месеци
Агровест

Димитриеска-Кочоска за ИПАРД: Целиот процес на проверки нема да биде брз, но тоа не значи дека ќе трае со месеци

Објавено 15/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со временото запирање на ИПАРД програмата, кажа дека ќе се прават дополнителни проверки за да се утврди дали воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата, како и постоење мерки за заштита од измама и корупција.

-Министерството за финансии односно Националниот координатор на ИПА фондовите кој се наоѓа во МФ, во петокот достави допис со којшто направи времено сопирање на исплаите. Значи никако не станува збор за тоа дека некој од надвор ни ги сопирал исплатите. Сега ќе се прават дополнителни проверки со цел да се обезбеди уверување дали воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење ефективни мерки за заштита од измама и корупција, рече Димитриеска Кочоска во Тема на денот на Сител ТВ.

Таа напомена дека тоа е она клучно што ќе се проверува и оти не станува збор за забрани што се случуваат од надвор.

-Но морам да напоменам дека во моментот во системот постојат фактури од износ од 400.000 евра. Да не шпекулираме со бројки, целата сума на ИПАРД програмата е 97 милиони евра, од нив веќе имаме исплата на 274 договори почнувајќи од 6.11.2023. Износот кој се исплатил за тие 274 договори е 8.266.375 евра, и националното кофинансирање е 2.754.487 евра, рече таа, повторувајќи дека во системот има 400.000 евра односно фактури во тој износ коишто ќе подлежат на проверки.

Вели дека целиот процес на проверки нема да биде брз, но тоа не значи дека ќе трае со месеци, бидејќи освен Националниот координатор за ИПА се вклучени и други институции.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:Ипардпроцес
Претходен напис Блокадата на ИПАРД 3 програмата тежок удар и за преработувачката индустрија
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?