Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани, полека го комплетираме цел патен Коридор 8
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани, полека го комплетираме цел патен Коридор 8
Агровести

Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани, полека го комплетираме цел патен Коридор 8

Објавено 15/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8.

-Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на постапката не можам да ја кажам бројката, но е доста голема. Има сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје – Блаце, а исто така има и три понуди за автпатот Кичево Букојчани. Многу значајно за Скопје -Блаце е тоа што успеавме да го вратиме проектот во нормала. Она што ние го наследивме беше 27 милиони евра по километар, што мислам дека сите ќе се сложат дека е неодржлива работа. Сега го вративме во рамки на договорената цена со ЕБОР, таму имаме 166 милиони евра кредит и 30 милиони евра грант, тука влегува и изведба на градежните работи, надзор и техничка помош за ЈПДП. Очекувам во првата половина од декември да избереме изведувач и во зависност од временските услови да ги воведеме во работа и таму е брз рокот 2,5 години, истакна Николоски во вечерашното интервју за “ТВ Алсат”. 

Вицепремиерот најави дека се работи на проект за реконструкција на обиколница Скопје, а исто така интензивно се работи и на останатите автопати на Коридор 8. 

– Работиме проект за целосна реконструкција и рехабилитација на обиколницата на Скопје, која што оди од Арачиново кон Ѓорче Петров. Работиме на Тетово Гостивар нов автопат, одлично оди динамиката. Таму имавме одредени проблеми со рушење на одредени објекти, но и тоа се решава, се експроприра земјиштето. Понатаму работиме на Гостивар-Букојчани популарната Стража, проект кој што за мене е лична гордост, затоа што е доста тежок и комплициран инженерски проект. Од 33 км колку што е целата траса, првите 17 км се пробиени. Од пролет ќе почне да се работи од страната на Букојчани и ова ќе е прв автопат кој ќе се спојува на пола, потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој исто така најави дека во прва половина на декември ќе се пуштат во сообраќај нови делници од автопатот Кичево -Охрид. сст/

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:коридорниколоскископјететово
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
Следен напис ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?