Под органско производство за една година од 2 милиона хектари стигнаа на 71,5 милиони хектари а бројот на органски производители достигна скоро 2,8 органски производители. Во претходната деценија порастот на бројот на производители е 55 %.

Уште една рекордна година за органското земјоделство ширум светот, спрема најновите податоци за 2018 година обајвени во 21 издание на студијата за органско производство „The World of Organic Agriculture 2020″ која е претставена на 12.02.2020. година на саемот БИОФАХ, во Нирнберг,Германија од страна на ФИБЛ (Научен Институт за органско производство) и ИФОАМ (Меѓународна федерација за движење на органското производство).

Податоците од 186 држави од најновото издание на споменатата студија, покажува продолжување на позитивниот тренд во изминатите неколку години.
Глобалниот органски пазар продолжува да расте
Компанијата за истражување на пазарите Ecovia Intelligence проценува дека глобалниот пазар на органска храна во 2017 година е зголемен за речиси 10 милијарди евра, достигнувајќи вредност од 97 милијарди евра.

Пазарите на државите кои имаат најголеми вреднсоти исто така го продолжија трендот на растење: САД се водечки пазар со 40,6 милијарди евра а потоа следуваат Германија (10,9 милијарди евра), Франција (9,1 милијарди евра). Францускиот пазар за една година порасна за 15%.
