
Битолската компанијата Хемометал веќе 30 години е вистински партнер на земјоделците и агробизнисмените. Основана во 1990 година со единствена цел и визија да се учеставува во развојот на македонскиот агрокомплекс преку модернизација на производството.
Разговараме со основачот и сопственик Мирко Велковски за почетоците на компанијата, нивниот евидентен развој и доминантност на пазарот со земјоделска механизација.
Нашата компанија е претставник на три брендови на трактори и тоа ЗЕТОР – кој е еден од најстарите трактори во Европа, ХАТТАТ и ВАЛТЕР од Турција и тракторот СОЛИС кој го имаме веќе 10 години, го произведува индиска фирма која има јапонски сопственици и во моментот претставува еден од најпродаваните трактори во Европа, на пример во Франција се продаваат 20 000 трактори годишно, во Германија 25 000 трактори годишно , а кај нас 200 трактори годишно. Располагаме со трактори почнувајќи од најмалиот од 20 кс па до трактор СОЛИС од 150 кс, опремени со ЕУРО 3 мотори и со сите потребни стандарди. Цените се движат од 5000 евра за најмалиот , потоа трактор од 50 кс кошта 8 000 евра и трактор од 110 кс со цена од околу 19 000 евра. На нашите фармери им нудиме поволни кредити за да може секој да купи она што му треба. Моментално работиме со ПРО КРЕДИТ БАНКА која дава кредити со годишна камата од 3 %, а за кредит на 5 години доаѓа некаде околу 2.2 % камата. Тоа го направивме со посебен договор со банката за да им излеземе во пресрет на земјоделците, бидејќи сме свесни дека во последните повици на ИПАРД се помаку се застапени тракторите – изјави Велковски

Ние располагаме и со сервисен центар за тракторите на сите наши купувачи. Секогаш кога некој земјоделец купува трактор, покрај цената треба да се информира и еден час сервис на истиот , колку години има гаранција на тракторот и за кои делови важи гаранцијата. На пример, во некои продажни центри за трактори, им велат на земјоделците дека тракторот има 3 години гаранција, но не за овај дел, не за онај дел…. Мора да бидеме искрени кон нашите купувачи на кои треба да им се каже вистината и многу важно е да ја знаат цената на сервис саатот. Кај нас еден сервис саат кошта 10 евра, а на други места може да ги кошта и до 50 евра сервис саат. Мора да им кажеме на нашите фармери дека тракторот еднаш го купуваш, но потоа 10 години го одржуваш. Ние како компанија внимаваме да носиме производи со добар квалитет , но и со добри цени. Така на пример ја имаме ГАЛИЈАНИ балирачката една од најстаритете балирачки кај нас и во Италија, а со многу добра цена и добар квалитет. Истотака и ролобалата која има врвен квалитет и цена од 11 000 евра,а може да се стави во рангот на ролобали кои коштаат и по 30 000 евра – истакна Велковски.

Компанијата Хемометал има 10 продажни места низ целата држава со цел да бидат поблиску до земјоделците и нивните потреби. Развојот на компанијата го гледаат во следење на модерните текови во оваа област и излегување во пресрет на младите земјоделци имаат интерес за новите модерни технологии како во растителното производство, така и за работа во фармите. Нивниот јубилеј годинава – 30 години од основањето е најголемиот доказа за професионалноста и визијата на компанијата Хемометал.
„Хемометал“- Битола нуди одлични можности за набавка на нов трактор на одложено плаќање