Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за неповратни 10.000 евра за производители на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Услови и потребна документација за неповратни 10.000 евра за производители на храна
Јавни огласи и повици

Услови и потребна документација за неповратни 10.000 евра за производители на храна

Објавено 24/02/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според најавите од МЗШВ наскоро се очекува да се објави за прв пат Програмата за финансирање на земјоделските производители на храна преку која можете да добиете неповратни 10.000 евра од државата.

Во продолжение ве информираме за условите кои треба да се исполнат и за документацијата која треба да се обезбеди.

ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА

Доделување неповратна финансиска поддршка до 600.000 денари за инвестиции во опрема и основни средства и услуги кои имаат за цел:

  • Остварување на додадена вредност на примарното производство
  • Развој на производи со традиционални карактеристики
  • Зголемување на конкурентноста и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Финансиската поддршка е во форма на 100% неповратен грант во износ до 600.000 ден. по барател за следните намени и активности:

  • 90% трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка или преработка на примарни земјоделски производи)
  • 10% трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна)

НАЧИН НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Принцип „Прв дојден, прв услужен“ – сите баратели кои ги исполнуваат условите за доделување на финансиската поддршка согласно оваа програма и имаат уредна и комплетна документација ќе бидат подредени согласно рокот на доставување на комплетно барање од страна на Комисијата.

Конечната одлука за распределба на средствата ја донесува министерот со Решение на предлог на Комисијата, а врз основа на листата на баратели.

За целосна и навремена подготовка на апликации за грант до 10.000 евра можете да нè контактирате на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
📞 071 225 345

или испратете ни e-mail на [email protected]

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

✔️ Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско или неживотинско потекло.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка.

❌ НАПОМЕНА: За финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик не можат да аплицираат:

  • Пчелари, односно субјекти кои се регистрирани со пчелни семејства во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ и регистрирани како производители на мед и производи од мед во АХВ
  • Производители на вино регистрирани во МЗШВ
  • Производители на пиво и жестоки алкохолни пијалаци регистрирани во Царинската управа

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Кон барањето за финансиска поддршка, барателот треба да ги достави следните документи:

1. За физички лица:

– копија од важечка лична карта;

– легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО) издаден од Агенцијата за храна и ветеринарство (доколку се работи за животинско производство);

– изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори;

– доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки;

– деловен план;

– понуда/профактура за планираната опрема (минимум три понуди од различни понудувачи за истиот тип на наведени планирани трошоци во деловниот план); и

– договор за користење на услуги од стручни лица (доколку барателот предвидува користење на таква услуга).

2. За правни лица:

– тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;

– изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори;

– доказ од Централен регистар на Република Северна Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;

– доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки;

– деловен план;

– понуда/профактура за планираната опрема (минимум три понуди од различни понудувачи за истиот тип на наведени планирани трошоци во деловниот план); и

– договор за користење на услуги од стручни лица (доколку барателот предвидува користење на таква услуга), освен во случај кога правното лице има вработен технолог.

Барањето за доделување на финансиската поддршка согласно оваа програма може да се обезбеди преку веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство: www.mzsv.gov.mk

Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот.

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Волк е заловеното животно во Козле, не е волчјакот Сириус по кој се трага веќе два месеци
Таг:АХВјавен повикМЗШВнеповратен грантпроизводители на храна
Претходен напис Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот
Следен напис Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?