Денес пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите на аеродромот во Скопје од Република Турција, информира АХВ.
Обезбедени се потребните вакцини и започнуваме со спроведување на итната вакцинација на целата територија на државата, согласно Планот за итна вакцинација одобрен од Европската Унија.
Здравјето на животните и заштитата на сточниот фонд остануваат наш врвен приоритет.
Продолжуваме со конкретни мерки и активности во интерес на сточарите и македонското сточарство.

