Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИНОВА со јавен повик за избор на организации за поддршка на претприемништвото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ИНОВА со јавен повик за избор на организации за поддршка на претприемништвото
Јавни огласи и повици

ИНОВА со јавен повик за избор на организации за поддршка на претприемништвото

Објавено 02/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА објави јавен повик за избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото, кои ќе учествуваат во реализацијата на програмите „Поддршка за самовработување“ и „Ваучерски систем на советување“.

За спроведување на програмските активности предвидени со Годишната програма за работа на Агенцијата за 2026 година се обезбедени вкупно 60,2 милиони денари, наменети за поддршка на идните претприемачи и унапредување на работењето на микро, малите и средните претпријатија.

Од вкупниот износ, 57.775.000 денари се наменети за поддршка за самовработување, а 2.500.000 денари за Ваучерскиот систем на советување.

Преку програмата за самовработување, невработените лица и потенцијалните претприемачи ќе добијат поддршка за претворање на своите бизнис-идеи во конкретни деловни иницијативи, вклучително и преку подготовка на бизнис-планови и започнување сопствен бизнис.

- Реклама -
Ad image

Ваучерскиот систем на советување, пак, ќе овозможи пристап до специјализирани консултантски услуги за постојните компании, со цел надминување на деловните предизвици и поттикнување на нивниот понатамошен раст и развој.

Право на учество на јавниот повик имаат правни лица, фондации за поддршка на претпријатија и здруженија за микро, мали и средни претпријатија кои располагаат со соодветен стручен кадар, релевантно искуство, воспоставени партнерства и потребни технички и просторни капацитети.

Избраните организации ќе склучат тригодишни договори со ИНОВА и ќе добијат статус на овластени организации за деловна поддршка, со што ќе се вклучат во системот за советување и поддршка на претприемништвото.

Рокот за пријавување е 15 дена од објавувањето на јавниот повик, односно до 13 ноември 2026 година. Пријавувањето се врши електронски преку Националниот портал за електронски услуги.

Целосниот текст на јавниот повик и придружната документација се достапни на веб-страницата на ИНОВА: https://inova.gov.mk/јавен-повик-бр-1-2026-за-пријавување-и-избор/.

МИА

Може да ви се допадне

Јавен повик за изложување производи во биопазарот во Кавадарци
Јавен повик за доставување понуди за набавка на ИТ опрема за Проектот Злетовица
Јавен повик за доставување понуди за набавка на возило за Проектот Злетовица
Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
СИТЕ ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ за повикот „Рурална жена“: Услови, критериуми, бодови, документи…
Таг:ИНОВАјавен повикпретприемништвото
Претходен напис Бројот на работниците во индустријата намален за 2,9 проценти во септември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?