Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во неговата фотелја седнува довчерашниот заменик директор во министерството за здравство, Јовица Андовски.
Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) изрази јавна благодарност до досегашниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, за неговото успешно и посветено раководење со оваа значајна институција во интерес на сите граѓани.
Од партијата нагласуваат дека Миланов во изминатиот период достоинствено ја претставувал СПМ на чело на Агенцијата. Неговиот вложен труд и несебичен ангажман се високо оценети како во рамките на партијата, така и во пошироката јавност.
Нов директор на АХВ е Јовица Андовски. Тој во јавноста е познат како искусен кадар и доскорешен долгогодишен заменик-министер за здравство, од каде што доаѓа на новата функција.
Фејсбук статус на СПМ

