Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари
Агровести

Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари

Објавено 24/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети компанијата Левидиагро од Кочани, од каде извести за новата мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачи на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа .
„Поддршката за оваа мерка изнесува 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, односно 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм. За пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм бел ориз поддршката изнесува 10 денари по пакување. Со новата Програма за рурален развој овозможивме нова мерка, која ја ставаме на располагање за откупувачите и преработувачи на бел ориз со што директно го помагаме извозот и отвораме нови пазари каде ќе биде пласиран и продаван нашиот македонски ориз“ изјави министерот Николовски.

Мерката е подготвена заедно во соработка со земјоделците, откупувачите и преработувачите, како одговорно министерство кое секогаш ги слуша потребите на земјоделците и земјоделските стопанства.

„Денес при посетата на Кочани видов дека без никакви проблеми се одвива и откупот на оризот. Ја имаме досега и највисоката откупна цена на оризовата арпа која се движи од 30 до 36 денари во зависност од квалитетот на арпата и рандеманот при луштење. Среќен сум што уште пред почетокот на откупот преку дијалог меѓу оризопроизводителите и откупувачите, а помогнат од министерството, успеавме да постигнеме добра цена која ги почитува трошоците и маката на земјоделците. Како искрен партнер ние сме секогаш на страната од земјоделците, а тие го знаат тоа“ потенцираше Николовски.

Дополнително покрај редовните субвенции оризопроизводителите ги поддржуваме и со мерки за набавка на нова механизација, како специјализирани комбајни или сушари за ориз, за да го олеснат и модернизираат своето производство. Минатата година доделени се 25 комбајни за ориз со вкупната вредност на набавката од 32 милиони денари. Оваа мерка ќе продолжи и во 2023 година.

Преку Програмата за рурален развој на оризопроизводителите им нудиме нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството. Мерка со која ќе можат преку отворен јавен повик во текот на целтата година да аплицираат тогаш кога тие ќе бидат подготвени за грант до 10.000 евра, за набавка на нова опрема и механизација со која ќе го модернизираат производството.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бел оризхартиена амбалажа
Претходен напис Услови и потребна документација за неповратни 10.000 евра за производители на храна
Следен напис Николовски: Од Кочани почнува теренска кампања за запознавање на земјоделците со новите мерки, оризот ја има највисоката откупна цена досега
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?