Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Агровести

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците

Објавено 09/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Јовица Андовски оставри работна средба со првите луѓе на Ветеринарната комора, кои денес одржаа мирен протест пред Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатени беа неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса.

Како што информира директорот на АХВ, во најкус рок ќе продолжи земањето на мострите за лабараториски испитувања согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, а тековно ќе се врши и исплата на обврските за реализираните ветеринарни активности согласно програмите.

Работна група со претставници од АХВ и од Комората ќе работи на анализа врз основа на која ќе се направат и промени на Методологијата за  дефинирање на цените на ветеринарните услуги кои како што истакнаа претставнитците на Комората не се коригирани неколку години. Како што истакна директорот Андовски, Агенцијата и ветеринарните друштва се партнери во остварувањето на заедничката цел – заштита и унапредување на здравјето на животните, а преку тоа и заштита на јавното здравје и затоа заедничко дејствување треба да се  темели на разбирање и соработка.

Тој го поддржа мирниот протест на претставниците на Комората и истакна дека АХВ останува отворена за дијалог и соработка секогаш кога постојат отворени прашања. Изрази уверување дека решенијата треба да се бараат низ партнерски однос, конструктивна комуникација и соработка со цел изнаоѓање на соодветно решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Агенцијата останува посветена на унапредување на досегашната исклучително значајна и високо професионална соработка со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, кои се првиот и исклучително важен професионален одговор на теренот кога станува збор за здравјето на животните. На средбата беше констатирано дека претстои сериозна активност на терен – спроведување на вакцинацијата на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози.

- Реклама -
Ad image

Како одговорна институција, заклучи директорот Андовски, АХВ ќе продолжи да работи заеднички со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, со цел надминување на сите предизвици, зајакнување на капацитетите на системот и обезбедување на ефикасна заштита на здравјето на животните и луѓето.

Може да ви се допадне

Митовски бара помош од Владата за да се реши проблемот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка
Нов роботизиран погон на АСП-ПАК во Охрид, Мицкоски најави подршка за секоја инвестиција што носи додадена вредност
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено
Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар
Инфлацијата во октомври 0,4 проценти, годишната стапка достигна 3,3 отсто
Таг:АХВветеринарна комора
Претходен напис Митовски бара помош од Владата за да се реши проблемот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?