На јужната периферија на Ежоу, град во централната кинеска провинција Хубеј, огромна зграда која наликува на станбена, гледа на главниот пат. Но, таа не е наменета за канцелариски работници или семејства. Со 26 ката, таа е убедливо најголемата свињарска фарма во светот, со капацитет да преработи 1,2 милиони свињи годишно.
Фармата започнала со производство на почетокот на октомври кога компанијата која стои зад објектот – “Hubei Zhongqing Kaiwei Modern Farming” – во објектот ги примила првите 3.700 маторици.
Компанијата е нова во секторот свињарство, главно се занимавала со производство на цемент, а еден од погоните за производство на цемент сега е веднаш до новата свињарска фарма.
#pigskyscraper #china #pigban
China builds 26-storey 'pig skyscraper' to slaughter animals
Chinese company Hubei Zhongxin Kaiwei Modern Farming has built a 26-story skyscraper that can slaughter 1https://t.co/vPEyMKUpka
— Lokmat Times (@LokmatNewsEng) November 27, 2022
Од компанијата соопштиле дека првично било планирано да се инвестира во производство на готова храна, но дека планот се променил по, како што истакнаа, забавувањето на градежната индустрија во Кина. Џин Лин, генералниот директор на компанијата, рече дека компанијата го гледа модерното земјоделство како перспективен сектор кој ветува и можност да користи сопствени градежни материјали за изградба на фарма за свињи.
За необичната фарма за свињи всушност се предвидени две згради. Зад сегашната оперативна, се приведува кон крај и изградбата на уште една зграда со идентичен изглед. Кога комбинираниот комплекс ќе биде целосно функционален, ќе обезбеди комбинирана површина од 800.000 квадратни метри простор, со капацитет за 650.000 животни.
Хранење на „копче“ и повеќекратни кругови на дезинфекција
Фармата вреди околу 500.000 евра, има услови за работа каде што се користи гас, во просториите се контролира температурата и обезбедена е адекватна вентилација, а животните се хранат преку повеќе од 30.000 автоматски станици за хранење со притискање на копче во централната контролна соба.
Од компанијата наведуваат дека отпадот што останува по процесот на одгледување свињи и процесот на производство на месо ќе се третира и ќе се користи за производство на биогас, кој може да се користи за производство на електрична енергија и загревање на вода на фармата.
Тие, исто така, истакнаа дека од работниците ќе се бара да поминат низ повеќе кругови на дезинфекција и тестирање пред да им биде дозволено да влезат.
Дел од експертите тврдат дека големите фарми со интензивни капацитети – ја зголемуваат веројатноста за зголемување на епидемиите и пренесувањето на одредени болести.
„Ваквите објекти може да ги намалат интеракциите помеѓу домашните и дивите животни и нивните болести, но ако болеста влезе внатре, може да избие меѓу животните како шумски пожар. Сум видел повеќе извештаи за нивната „биосигурност“, „ефикасност“ и „одржливост“. Ја слушаме истата приказна за затворени објекти во САД. Сепак, има многу малку докази дека таквите објекти всушност имаат некоја од тие предности“, вели Метју Хајек, доцент по студии за животна средина на Универзитетот во Њујорк.
