Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Подмладокот на македонското земјоделство во Валандово за чиста петка – Произведуваат сок од калинки, вино, а се вешти и во орање, возење трактор, калемење…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Подмладокот на македонското земјоделство во Валандово за чиста петка – Произведуваат сок од калинки, вино, а се вешти и во орање, возење трактор, калемење…
Магазин

(ФОТО) Подмладокот на македонското земјоделство во Валандово за чиста петка – Произведуваат сок од калинки, вино, а се вешти и во орање, возење трактор, калемење…

Објавено 23/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово земјоделската струка опстојува уште од шеесеттите години на минатиот век, кога всушност училиштето и започнало да работи како земјоделско училиште „Каме Пулизов“. Земјоделско-ветеринарната струка е од големо значење за овој земјоделски крај бидејќи по завршувањето на своето школување многу од учениците својата егзистенција ја побарале токму во оваа дејност.

Денес земјоделско-ветеринарната струка преку своите теоретски и практични активности во училишната економија и резултатите кои ги постигнуваат учениците и наставниците претставуава заштитен знак на училиштето. Застапени се два образовни профили или квалификации и тоа агротехничар и техничар за фитомедицина. Практичната настава учениците ја реализираат во училишната економија и компаниите од општината. Училиштето меѓу другото располага со мини училишна винарија, линија за производство на сок од калинки и пластеник за одгледување на градинарски култури.

Во училишната економија училиштето има површини со лозови насади, житни култури, јапонски јаболки и калинки. Исто така поседува и соодветна земјоделска механизација за обработка на овие површини.
Валандовскиот крај е познат по крај каде што се одгледува калинката па во последно време вниманието на учениците и наставниците по стручните предмети е свртено токму кон ова благородно овошје. Имено училиштето располага со насади со калинки кои всушност ги има и во самиот двор на училиштето.

„Учениците покажуваат интерес и за практичната настава и практичните операции во училишната економија. Нашето училиште преку програмата на МОН за соработка на училиштата и бизнис заедницата доби грант преку кој се финансираше изградба на линија за производство на сок. За таа цел беше формирана и „Еко-фарма“ како училишна компанија. Посебен интерес покажаа учениците за процесот на преработка на калинките на линијата за преработка на калинките и производство на еколошки сок од калинки. Учениците го спроведуваат целокупниот процес за производство на сокот од калинки.“, вели предметниот наставник по практична настава Јован Угарчев.

За ангажманот на учениците во овој процес одговорниот за Еко фармата професорот Златко Јанчев ни кажа нешто повеќе.

„Учениците учествуваат во сите работни операции, од миење на плодовите, чистење, лупење. Понатаму се пресуваат на хидраулична преса и се филтрираат. Исцедениот сок се остава да се стабилизира 24 часа. Избистрениот сок се полни во шишиња и кратко се пастеризира. Учениците ги полнат шишињата, ги затвораат и на крај ставаат етикета. Сокот има сертификат за органско производство.“

Учениците учествуваат и во целокупното производство на вино и други пијалаци во училишната винарија, од обработка на површините со лозов насад, берба на грозје и следење на процесот на преработка на грозјето.

Учениците се присутни на натпреварите на средните земјоделски училишта каде што редовно ги заземаат првите три места во атрактивните категории, вешто возење на трактор, орање, калемење и др. Својата работа ја презентираат и на МАССУМ „Образовното рандеву“ натпревар на средните стручни училишта што е одржува секоја година.

Може да ви се допадне

Ролат со џем од вишни
Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Таг:валандовогоце делчев
Претходен напис Кутиров: Програмата за Овластен економски оператор ја забрзува прекуграничната трговија
Следен напис Времето денеска облачно со локални врнежи од дожд и северозападен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?