Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кутиров: Програмата за Овластен економски оператор ја забрзува прекуграничната трговија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кутиров: Програмата за Овластен економски оператор ја забрзува прекуграничната трговија
Агровести

Кутиров: Програмата за Овластен економски оператор ја забрзува прекуграничната трговија

Објавено 23/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Програмата за Овластен економски оператор ја олеснува и забрзува трговијата, обезбедува конкурентска предност и нови деловни можности за компаниите. Оттаму многу е важно во оваа иницијатива, покрај Царинската управа како носител, да бидат вклучени и останатите институции со надлежности на граничните премини, како Агенцијата за храна и ветерина и Фитосанитарна управа. Ова се едни од суштинските заклучоци на денешниот настан „Подигнување на ефикасноста на ОЕО програмите преку вклученост на останатите гранични институции“ во организација на Проектот за економски развој и раст на претпријатија на УСАИД, на кој се обрати директорката на Царинската управа.

На настанот, како што информираат од Царинската управа, се обрати и претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, Џери Дајбл, а учествуваа и повеќе национални и меѓународни експерти од областа на олеснување на трговијата.

–Преку Програмата за меѓусебно признавање на ОЕО статусот помеѓу ЦЕФТА страните, се завршени подготовките и веќе се имплементира Протоколот за меѓусебно признавање на компаниите кои се стекнале со статус на ОЕО со Србија и од неоддамна со Албанија. Овие активности се насочени кон подобрување на услугите за економските оператори, подобрување на меѓународната соработка, како и заеднички заложби на сите институции вклучени во прекуграничната трговија, истакна Кутиров. Во моментов има 24 компании со статус на ОЕО во нашата земја, кои се вклучени во околу 50 отсто од вкупниот обем на трговија според вредност.

На настанот, директорката Кутиров, најави дека од денес се става во функција новината во царинското работење со кое царинската постапка завршува за еден час со т.н. зелена царинска декларација. -Со задоволство може да кажам дека пуштаме во оперативна примена значајна новина во царинското работење која овозможува целосно автоматско завршување на царинската постапка за еден час од поднесувањето на царинската декларација. Истата ќе важи за т.н зелени царински декларации, односно декларации кои се правилно пополнети, со електронски приложени сите документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои платени или обезбедени царинските давачки. Од ова особено ќе имаат корист и компаниите кои поседуваат одобрение за Овластен економски оператор, како доверливи економски оператори, препознаени во процесот на анализа на ризик, истакна Кутиров.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Овластен економски операторОЕОславица кутиров
Претходен напис Поевтинуваат бензините, цената на дизелот не се менува
Следен напис (ФОТО) Подмладокот на македонското земјоделство во Валандово за чиста петка – Произведуваат сок од калинки, вино, а се вешти и во орање, возење трактор, калемење…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?