Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕК одобри буџет од 9 МИЛИЈАРДИ евра за субвенции за Хрватска, Словенија и Шведска, од кои 227 милиони евра за млади земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > ЕК одобри буџет од 9 МИЛИЈАРДИ евра за субвенции за Хрватска, Словенија и Шведска, од кои 227 милиони евра за млади земјоделци
Субвенции

ЕК одобри буџет од 9 МИЛИЈАРДИ евра за субвенции за Хрватска, Словенија и Шведска, од кои 227 милиони евра за млади земјоделци

Објавено 22/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Што значи кога државата е членка на Европската Унија односно земјоделското производство дел од Заедничката земјоделска политика, најдобро зборува усвоениот буџет од Европската Комисија за трите земји – Хрватска, Словенија и Шведска во висина од фантастични 9 милијарди евра. И тоа – 2,7 милијарди евра наменети за еколошки и климатски цели и 227 милиони евра за млади земјоделци.

За Заедничката земјоделска политика ќе се издвојат вкупно 270 МИЛИЈАРДИ евра за период од 2023 до 2027 година

Клучни цели на Хрватска
„Со цел да се поттикнат младите да се занимаваат со земјоделски активности, ќе бидат обезбедени посебни субвенции за повеќе од 1.000 хрватски земјоделци помлади од 40 години за да им помогнат да основаат земјоделски стопанства и да ги покријат почетните инвестициски трошоци“, наведуваат тие.

Понатаму, со средства од фондовите за рурален развој ќе се поддржи отворањето на 14.000 работни места во руралните средини, како и инвестициите во инфраструктурата, како што се водоводи, локални патишта и градинки. Исто така, хрватскиот план ќе го поддржи и решавањето на проблемот со земјоделските емисии, кои главно произлегуваат од управувањето со почвата и ѓубривото.

Благодарение на средствата од Заедничката земјоделска политика, поддршката за еколошкото земјоделство ќе биде наменета за 17, 14 и 12 отсто од земјоделските површини во Словенија, Шведска и Хрватска.

Стратешки планови на Словенија и Шведска

„Сите три планови имаат силна еколошка димензија“, потенцираат од ЕК. Како што наведуваат, Словенија и Шведска одвоиле речиси 60 отсто од својот буџет за рурален развој за еколошки и климатски цели.

Словенечкиот план, меѓу другото, ќе го поддржи производството на енергија од обновливи извори од земјоделството, што ќе им овозможи на земјоделците да инвестираат во биогас, биометан и геотермални бунари за свои потреби. Шведскиот план става силен акцент на биодиверзитетот и пасиштата, како и зголемувањето на знаењето за одржливото производство.

ЕК потсетува дека новата заедничка земјоделска политика (ЗЗП) треба да започне на 1 јануари 2023 година, а беше дизајнирана за транзиција кон одржлив, издржлив и модерен европски земјоделски сектор.

Финансирањето ќе биде поправедно распределено меѓу земјоделските стопанства, со акцент на малите и средни семејни фарми, како и младите земјоделци.

Покрај тоа, земјоделците ќе бидат поддржани да воведат иновации, од прецизно земјоделство до агроеколошки методи на производство. Со поддршка на конкретни мерки во овие и други области, новата ЗЗП може да биде основа на безбедноста на снабдувањето со храна и земјоделските заедници во Европската унија, заклучува ЕК.

Повеќе информации за Хрватска се достапни во краткиот документ објавен од ЕК, кој можете да го најдете на следниот линк.

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Франција и Италија постигнаа договор: Повеќе пари за Заедничката земјоделска политика
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Таг:европска комисијаеуземјоделствоинфраструктураселостопанствосубвенциихрватска
Претходен напис Србија сепак уште една година не ја намалува границата на дозволениот афлатоксин во млекото
Следен напис Време е да си набавите Божиќна ѕвезда – Како да ја одржувате за да ѝ го продолжите животниот век?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?