Poinsettia или позната кај нас како Божиќна ѕвезда е повеќeгодишно собно растение карактеристично за периодот околу Нова Година и Божиќ.
Своето име Poinsettia го добила во чест на првиот амбасадор на САД во Мексико Џоел Робертс Поинсет (Joel Roberts Poinsett) кој за прв пат, откривајќи го ова преубаво црвено растение, го испратил во својата родна земја и оттогаш се забележуваат почетоците на нејзиното култивирање.

Божиќна ѕвезда карактеристична е и доминантна во црвена боја, но може да се сретне и во бела, жолта, розева, како и голем број комбинации, нијанси и варијации.
На што треба да се внимава?
Божиќната ѕвезда се поставува на место каде што има доволно светлина (прозорец), а не треба да се поставува блиску до извор на топлина (радијатор, клима уред или друго грејно тело).
Просторијата во која се наоѓа треба да има доволно влажност на воздухот и температура од околу 20-25°C. Големите температурни разлики може да го скратат животниот век на Божиќната ѕвезда. Ако нема доволно влажност во воздухот, треба често да се оросува за да не дојде до опаѓање на листовите.


Земјата во која е засадена не треба да биде премногу влажна.
Божиќната ѕвезда се наводнува само тогаш кога земјата ќе биде потполно сува, а честото наводнување предизвикува пожолтување и паѓање на листовите.

Пред влезот во населба Драчево, (наспроти бензинската на Лукоил), можете да ја посетите „Kitka Plant Farm“ и да си одберете Божиќна ѕвезда.


