Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Затворање на матицата во кафез – Алтернативен метод за контрола на Varroa destructor
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Затворање на матицата во кафез – Алтернативен метод за контрола на Varroa destructor
Совети

Затворање на матицата во кафез – Алтернативен метод за контрола на Varroa destructor

Објавено 12/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овој метод е комбинација од биотехнички и хемиски третман. Се темели на фактот дека крлежите во услови на прекин и отсуство на легло во пчелното семејство кое се постигнува со затворање на матицата во кафез во период од 25 дена, се наоѓаат на возрасните пчели. Тогаш во пчелното семејство се аплицира оксална киселина со методот на накапување.

ПОДГОТОВКА

При првата употреба на кафезот, кафезот со помош на остро сечило се монтиора на рамка со изграден сот. Препорачливо е рамките со монтирани кафези претходно да бидат подготвени со што примената на методот ќе биде поедноставна и побрза.

ПРВ ЧЕКОР

Прво пчеларот треба да ја пронајде матицата во пчелното семејство, а таа полесно се пронаоѓа доколку е обележана.

Потоа матицата внимателно се внесува во монтираниот кафез.

Рамката со кафезот се поставува на централната позиција во пчелното семејство.

За поедноставна и побрза работа при следното отворање на кошницата, рамката со кафезот треба јасно да се обележи.

ВТОР ЧЕКОР (25 дена подоцна)

25 дена од затворањето на матицата, кафезот се отвора и матицата се ослободува. Сега, бидејќи во пчелното семејство нема легло, крлежите се наоѓаат на возрасните пчели, со што се постигнува поголема ефикасност на оксалната киселина.

При аплицирање на оксалната киселина, потребно е да се следат препораките за заштита при работа.

Со методот на накапување, оксалната киселина се аплицира во просторот помеѓу рамките, но директно над пчелите.

Со правилна и редовна примена на методот затворање на матицата во кафез, се постигнува ефикасен третман за контрола на вароа деструктор во летниот период, со што се обезбедуваат услови за успешно зимување и пролетен развој на пчелните семејства во следната сезона.

Ова видео е практичен приказ на методот „Затворање на матицата во кафез“ кој е дел од прирачникот за „Алтернативни методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства“.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:вароа деструктор
Претходен напис Направете си масло и оцет од лаванда и внесете свежина во домот
Следен напис Микропластика откриена во месото, млекото и крвта на домашните животни на холандските фарми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?