Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Микропластика откриена во месото, млекото и крвта на домашните животни на холандските фарми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Микропластика откриена во месото, млекото и крвта на домашните животни на холандските фарми
Агровести

Микропластика откриена во месото, млекото и крвта на домашните животни на холандските фарми

Објавено 12/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Честички микропластика се пронајдени во говедско и свинско месо што се продаваат во супермаркетите, како и во крвта на домашните животни на холандските фарми.

Научниците од Универзитетот Врије во Амстердам, во нивната пилот студија пронашле честички микропластика во три четвртини од тестираните производи од месо и млеко и во секој примерок од крв од животните на фармите.

Микропластика била пронајдена и во секој тестиран примерок од добиточна храна, што укажува на потенцијално важен пат на контаминација. Прехранбените производи се пакуваат во пластика, што е уште еден можен извор.

Истражувачите од Универзитетот Врије првпат пријавиле присуство на микропластика во човечка крв во март и го користеле истиот метод на тестирање за да ги проверат животинските производи. Откривањето на честичките во крвта покажува дека тие патуваат низ телото и можат да се задржат во органите.

Влијанието врз здравјето на луѓето или животните на фармата сè уште не е познато, но истражувачите се загрижени бидејќи микропластиката во услови на лабораториски истражувања предизвикува оштетување на човечките клетки, а веќе е познато дека честичките од загадениот воздух влегуваат во телото и предизвикуваат милиони прерани смртни случаи годишно. Познато е и дека микропластиката загрозува дел од дивиот свет.

Пилот студијата е спроведена за да се процени дали микропластиката е присутна кај домашните животни, месото и млечните производи.

„Тоа би требало да делува како поттик за понатамошно испитување на целосниот степен на изложеност и сите ризици што можат да бидат поврзани со него“, нагласува д-р Хедер Лесли, водач на истражувачкиот тим.

Научниците тестирале 12 примероци крв од крави и исто толку свињи и во сите откриле микропластика, вклучувајќи полиетилен и полистирен. Од 25 примероци млеко, анализирано е млеко од тетрапак во супермаркети, резервоари за млеко на фарми и од рачно молзење. Осумнаесет примероци, вклучувајќи најмалку еден од секој вид, содржеле микропластика.

Седум од осум примероци од говедско месо и пет од осум примероци свинско месо биле контаминирани.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:микропластика
Претходен напис Затворање на матицата во кафез – Алтернативен метод за контрола на Varroa destructor
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?