Последниве неколку денови поради новонастанатата ситуација со снабдување на гориво на бензиските пумпи, земјоделците реагираа на неможноста да набават гориво во туби за потребите во извршување на агротехничките мерки и во фармите.
Реагираа и во нашата редакција, за што побаравме најнапред одговор од Макпетрол, а потоа и од надлежните институции, пред сѐ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од МЗШВ за Агротим велат дека се запознаени со проблемите на земјоделците и веќе реагирале до бензиските пумпи, доколку нема законска основа, да не се прават пречки во функционирањето на земјоделците. Но исто така Министерството апелира и до земјоделците да не создаваат непотребни залихи кои во овој случај не се безбедни.
