Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците со реакција на забраната за набавка на гориво во туби, прашуваат како да набават нафта за тракторите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците со реакција на забраната за набавка на гориво во туби, прашуваат како да набават нафта за тракторите
Агровести

Земјоделците со реакција на забраната за набавка на гориво во туби, прашуваат како да набават нафта за тракторите

Објавено 04/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден на бензинските пумпи беа забележани долги колони возила, чии сопственици чекаа да наточат гориво, плашејќи се дека може да дојде до зголемување на цените или недостаток на гориво како резултат на конфликтот меѓу Украина и Русија, иако од Владата уверуваат дека Македонија има доволно резерви на нафтени деривати.

Од компанијата „Макпетрол“ потсетија дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.

Но, по овие случувања, во нашата редакција се јавија голем број земјоделци, кои се засегнати од оваа ситуација. Имено, тие веќе започнуваат со работа на нивите, а за тракторите да можат да работат, земјоделците мора да наточат бензин или нафта во канти.

„Земјоделец на кој основна дејност му е земјоделство и кој работи со трактор (бидејќи тракторот му е алат) и живее во населено место од каде најблиската бензинска пумпа му е на 15 км, денес оди да наточи 10 литри нафта за да врши дневни активности и таму налетува на некаква си интерна уредба од нафтената компанија дека нафта во туби не давале.“

„Денес бев вратен од бензинска со туба за нафта за тракторот. Ми рекоа дека сипаат гориво само во резервоари во возила, па како ние земјоделците ќе сипаме гориво за нашите потреби, сега почнуваме сите по нивите да работиме, дали може некој да ми објасни?“

„Како би набавил нафта еден земјоделец кој е оддалечен 30-35 км од бензинска пумпа за неговиот трактор? Доколку оди со трактор до бензинска пумпа најмалку му се потребни 20 литри гориво, а резервоарот му зема само 30 литри. И колку ќе му останат за да работи на нива или во овоштарник?“

Ова се само дел од реакциите на земјоделците, кои се надеваат дека оваа одлука ќе се преиспита и ќе се земе предвид нивната состојба и нивните потреби.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис Макпетрол: Набавката на гориво во буриња и други садови е спротивно на законските регулативи
Следен напис Поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума, АХВ ги олабави мерките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?