„На мое големо задоволство денеска присуствував на настанот во организација на Националната Федерација на фармери, а со поддршка од шведската организација “We effect”.
Нашата цел е да ја видиме руралната жена почитувана и силна. Денес само преку проектот „Рурална жена“ се регистрирани близу 39.000 жени, а веќе на утрешната владина седница ќе биде предложена и новата Програма за рурален развој, со која стопроцентно се зголемува финансиската поддршка од 3.000 на 6.000 евра.
Работиме и на две нови програми за поддршка на земјоделските стопанства, во кои ќе се вклопат и руралните жени.
Силно ве охрабрувам да продолжите да создавате од едно-две. Продолжете да создавате производи со додадена вредност, и на тој начин да ги јакнете земјоделските стопанства.“, стои во објавата на министерот Љупчо Николовски на неговиот фејсбук-профил.


