Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Во Австралија се гради најзелената станбена зграда во светот – Погледнете како ќе изгледа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Во Австралија се гради најзелената станбена зграда во светот – Погледнете како ќе изгледа
Магазин

(Фото) Во Австралија се гради најзелената станбена зграда во светот – Погледнете како ќе изгледа

Објавено 27/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зградата „Урбана шума“, дизајнирана од „Koichi Takada Architects“ и развиена од „Aria Property Group“, добила одобрение за изградба во Јужен Бризбејн, Австралија. Во зградата од 20 ката ќе бидат сместени 194 апартмани, сите украсени со раскошни вертикални градинарски балкони.

Тоа ќе биде зелена оаза за нејзините жители, но и за минувачите. На самото дно на објектот ќе има ботаничка градина, а во зависност од видовите на растенија кои ќе бидат интегрирани во финалниот проект, објектот има способност да зазема неколку форми, што ќе го направи визуелно многу ефективен. Можеби ќе изгледа како бонсаи дрво со своите брановидни балкони, а може да изгледа мистично како обраснатите храмови во џунглите во Камбоџа.

„Со подигање на подиумот, нивото на тлото станува продолжение на околните паркови, враќајќи ѝ на заедницата 1.642 квадратни метри јавен парк“, велат дизајнерите за причината зошто ја подигнале зградата на столбови.

Амбицијата на зградата е да биде најзелената станбена зграда во светот, која се стреми кон 6 ѕвезда „Green star“, според системот за проценка на одржливоста на проекти во сите фази. Други одржливи карактеристики вклучуваат соларни панели за производство на обновлива енергија, градини наводнувани со собрана дождовница и вишок вода, компензација на јаглерод и употреба на висококвалитетни материјали од одржливи извори кои не бараат одржување. Бидејќи се работи за нискоенергетска зграда со висока ефикасност на водата, трошоците за работа се исто така намалени.

Посебно атрактивни се балконите бидејќи секој е дизајниран со различна форма и големина, што уште повеќе ќе дојде до израз кога растенијата на нив ќе бидат во полн цут.

Планот е „живата фасада“ да содржи 550 дрвја и 25.000 растенија избрани од 251 автохтоен вид.

„Еден заклучок од кризата на пандемијата ковид-19 е сознанието дека сите ние сме живи суштества. Тука сме да живееме, а не да ѝ пркосиме на смртта на некој начин. Нашата архитектура би требала да го прави истото“., велат архитекти од Koichi Takada Architects.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Австралијабризбејн
Претходен напис Бачовски: Дополнителен рок од 15 дена за аплицирање за систем капка по капка, инвестиции во бунари и зафати на површински води
Следен напис (Фото) Николовски од Белград: На лице место се уверивме дека тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?