Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Николовски од Белград: На лице место се уверивме дека тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Фото) Николовски од Белград: На лице место се уверивме дека тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури
Агровести

(Фото) Николовски од Белград: На лице место се уверивме дека тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури

Објавено 27/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со министрите за земјоделство на Србија и Албанија, членки на иницијативата „Отворен Балкан“, денеска го посетија царинскиот терминал „Делхазе“ во Белград, каде што практично ги видоа придобивките од иницијативата #ОтворенБалкан“ и беше прикажано како се контролира стоката што се увезува и се продава во Србија.

По тој повод, се разговараше за придобивките што ги носи иницијативата, односно за скратувањето на времето што минува од пакувањето на стоката, преку увозот, до полиците.

Српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ го покажа примерот на ајварот кој вчера беше испратен во Србија од Македонија, а се очекува денеска да се најде на српските пазари.

May be an image of 10 people and outdoors

„На лице место се уверивме дека тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури. За само 24 часа македонските производи, македонскиот ајвар од извозот од нашата држава стасува до полиците на маркетите во Србија, без чекање, без процедури, со признаени сертификати и без дополнителни контроли. Иницијативата „Отворен Балкан“ е од особено значење за сите граѓани, платформа која му е потребна на регионот, силно поздравена од сите. Верувам дека заеднички, со сите вложени напори вредноста на трговската размена значително ќе се зголеми со олеснувањата што ги нуди Отворен Балкан“, рече министерот Николовски.

May be an image of 4 people and people standing

На денешната посета на центарот „Делез“ присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска, Борис Пашалиќ, кој истакна дека се надева дека ќе ја прошири иницијативата и во соседна БиХ.

Зборувајќи за придобивките од Отворениот Балкан, Недимовиќ изјави дека веќе нема граници за храна.

„Утрово слушнав дека месото на граничниот премин Бајаково, на границата со Хрватска, веќе пет дена чека во магацини да се завршат лабораториските анализи, бидејќи Република Хрватска е членка на Европската Унија. Тоа подразбира контроли, за секоја наша испорака поради анализа на ризикот. Кога станува збор за Србија, Северна Македонија и Албанија, тоа веќе не постои. За храната веќе нема граница“, рече Недимовиќ.

No photo description available.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Љупчо Николовскиотворен балкан
Претходен напис (Фото) Во Австралија се гради најзелената станбена зграда во светот – Погледнете како ќе изгледа
Следен напис (Видео) Превозниците за „Отворен Балкан“: Отворено е сѐ, нема чекање, задржување, нема гужви, за нас возачите е полесно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?