До денес повеќе од 20 милиони конвертибилни марки (повеќе од 10 милиони евра) вложил Јусуф Алифагиќ во родното Трнопоље. Јусуф бил сместен во логорите Трнопоље и Омарска, а по војната во БиХ живеел неколку години во Норвешка. Во Норвешка стекнал капитал и основал компании, но сепак одлучил да се врати во Приједор. По враќањето во родниот Козарац, во непосредна близина на некогашниот логор, изградил една од најголемите фарми за крави. Последнава деценија гради и се труди да ги прошири капацитетите за најсовремената фарма за крави во Босна и Херцеговина и пошироко.

Норвешките црвени говеда се генетски најотпорни и економски најисплатливи во светот, а како што вели Алифагиќ, „Ова е најголемата фарма на светот каде што во едно место имаме чисти норвешки грла“.

Во склопот на неговата фарма се наоѓаат метеоролошка станица, ветеринарна амбуланта, софтвери за следење на сите параметри во шталите. Алифагиќ планира следната година да направи едно големо родилиште од 3000 квадратни метри и уште една фарма за крави, како и голема фарма за одгледување свињи.
Желба му е преку својот проект да им даде шанса на младите луѓе да опстанат, да работат и да останат во земјата.

„Ако постои подрачје во кое најбрзо и наједноставно може да се вработат луѓето, тоа е земјоделството.“, вели Јусуф.
Во видеото погледнете како Јусуф успеал да ги донесе овие норвешки говеда во Босна и Херцеговина, како го организирал транспортот, како ги извадил потребните дозволи…
