Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Малишиќ: Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Малишиќ: Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар
Агровести

(ВИДЕО) Малишиќ: Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар

Објавено 24/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Енергетската криза и ценовниот шок во моментов како и најавите за уште поголем раст на енергенсите од почетокот на новата година силно удрија врз економиите на државите, а допрва ударот ќе го почувствуваат и домаќинствата.

Струја на слободните пазари има, но по екстремно високи цени. Тие се диктирани поради зголемување на цената на гасот кој пак во производството на електрична енергија во Европа учествува со 70 отсто.

Според последните калкулации цената на гасот руши рекорди на светските берзи, во Европа се продава по цена од 2.200 долари за 1.000 метри кубни.

И додека производителите на овој енергенс тријат раце поради рекордните профити, крајните корисници, особено помалите бизниси кои се потпираат на овој енергенс размислуваат на поскапување на производите за да можат да ги спасат своите бисниси.

Конкретно според статистиките во мелничко – пекарската индустрија 50 отсто од поголемите пекари во земјава користат гас. Поради поскапото производство извесно е дека ќе поскапат и основните прехранбени продукти, пред се лебот.

На оваа тема во Утрински брифинг зборуваше Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.

-Мелничко – пекарската индустрија, поготово пекарската индустрија е под голем удар во последниве неколку месеци, од неколку фактори. Прво во последнните два месеци суровините на светските берзи и локално и регионално се зголемија на над 70%. Во истиот период струјата се кажува и на светските берзи и кај нас и ја нема доволно. Зголемена за 300 до 400%. Тоа ги оптоварува производството со огромни трошоци, кои мора да е слеат во производот и секој производител поединечно мора да се снајде да издржи. Третиот најголем удар ќе бидеод 1 јануари, промената на цената на природниот гас, која како што се највува ќе биде зголемена од 200-300 проценти, рече Малишиќ.

Според него сите овие фактори придонесуваат до неизбежно зголемување на цените, кои во моментов не се можни поради забраната за зголемување на цени.

-Се наоѓаме во мат ситуација, каде што се плашам да не остане пазарот без доволно количини на леб. Во изминатот месец сме во комуникација и со Министерството за економија и вицепремиерот за економски прашања и сите овие проблеми ги најавуваме на време Владата да помогне. Доставуваме предлози како да се реши, да не се носи едностран закон за забрана на цена. За мелничко пекарската индустрија најисплатлива цена на лебот е 35 денари за лебот кој сега се продава по цена од 25-28 денари, па нагоре, рече Малишиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:горанлебмалишиќпроизводстворазговорсубвенции
Претходен напис М-р Сандра Георгиевска, од волонтер до енолог во винаријата „Камник“: Ме фасцинира производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат
Следен напис Трајан Димковски: Реално очекување е дека до крајот на откупот на тутунот би требало да се постигне просечна цена до 200 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?