Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: М-р Сандра Георгиевска, од волонтер до енолог во винаријата „Камник“: Ме фасцинира производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > М-р Сандра Георгиевска, од волонтер до енолог во винаријата „Камник“: Ме фасцинира производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат
Саеми и манифестации

М-р Сандра Георгиевска, од волонтер до енолог во винаријата „Камник“: Ме фасцинира производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат

Објавено 24/12/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на настанот „Денови на кариера“, кој под мотото „Запознај го својот иден вработен/работодавец!“, поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка се одржа на на Факултетот за земјоделски науки и храна, беа понудени можности за кариерен развој на младите во секторот земјоделство и презентирани успешни приказни на поранешни студенти кои своето образование го стекнале токму на овој факултет.

Една од нив е и Сандра Георгиевска, енолог во винаријата „Камник“, која со присутните ја сподели својата успешна приказна.

-Мојата приказна како се запишав на овој факултет е благодарение на татко ми, кој спонтано ми ја наметна љубовта кон природните науки.

Своето средно образование го завршив во општата гимназија „Орце Николов“. Од сите предмети особено ги сакав природните науки, па така за разлика од моите соученици кои повеќето се запишаа на Економскиот и Правниот факултет, јас решив да се запишам на Земјоделски факултет.

Моите факултетски денови беа во период од 2004 до 2008 година. Во тоа време насоката за изучување на производството на вино спаѓаше во Преработка на земјоделски култури. Сега, гледајќи го временскиот период од 4 години, ми звучи кратко, но првите 2 години бидејќи ми беа најтешки ми изгледаа како цела вечност. Потоа во комуникација со другарите од другите факултети научив дека нашиов факултет има доста предности:

  • Вежбите кои реално ги изработувавме,
  • практична настава;
  • Но како најважно професорите беа секогаш достапни за консултации. Дури и да паднете испит, ако навистина сте учеле и отидете на консултации да видите зошто сте паднале, трудот секогаш беше препознаен.

Паралелно со додипломските студии, решив да се вработам додека бев втора година факултет. Иако не беше по струка, беше доволно да се осамостојам. Тоа кај нас во МК не е својствено, но во странство поголем дел од децата по завршување на средното образование се вработуваат и се осамостојуваат. Паралелната работа ми беше уште поголем предизвик и мотивација да завршам со студирање во минимален рок. Бидејќи сите ми велеа „Е, сега се вработи, ќе го баталиш факултетот“.

По едногодишна пауза од студиите, во кој период волонтирав во Винарија „Сковин“, читав доста странска стручна литература за производство на вино и согледав дека има уште многу работи да научам, па се запишав на последипломските студии за Енологија. Последипломските студии траеа 2 години, но јас не ги завршив во овој рок, бидејќи преполагав доста испити… Јас по природа се стремам кон перфекција и за мене не постои нешто невозможно, а сакам да ги држам работите под контола, па затоа се навраќав на предметите да ги преполагам секогаш кога имаше практични прашања што не знам да ги одговорам. Од денешна перспектива тоа го гледам како голема предност, да можам да се снајдам во различна ситуација.

Една од најголемите предности на овој факултет е што нудат пракса. И во винаријата „Сковин“ и потоа во винарија „Камник“, отидов на пракса преку факултетот.

Во „Камник“, каде што работам веќе 11 години, започнав со волонтирање од 9 месеци. Ја поставив својата магистерска теза. И по изработка на една берба ја препознав љубовта кон оваа професија. Особено ме фасцинираше производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат. Па така во 2013 година отидов во Нов Зеланд, каде што во период од 3 месеци работев за време на бербата.

Во период од 2013 до 2015 година навистина брзо напредував и станав одговорна за голем дел од работите во винаријата. Предизвикот е уште поголем бидејќи да се вработиш во престижна винарија, не значи само да го задржиш квалитетот, туку да направиш и повеќе од тоа.

Бидејќи многу ме интересираат аромите во виното, завршив дополнително 2 курса за сомелиер и аплицирав на неколку интернационални натпревари за вино, како панелист, односно оценувач на вино. Сега веќе трета година сум дел од оценувачите на неколку натпревари за вино во Германија и Италија. Па, се надевам дека со тек на искуството ќе станам и една од главните судии на овие натпревари.

Затоа секогаш кога ќе помислите дека сте ја оствариле целта и сте го освоиле врвот што сте си го поставиле, за да се остане на него треба да си поставите нов врв за освојување. Виното е пред сѐ жива материја, која постојано се менува. И тогаш кога ќе помислите дека сте на сигурно и сте го затвориле во шише, по неполни 3 до 6 месеци може да се јават проблеми. Но како што вика една моја постара колешка, проблемите треба да се гледаат секогаш како нови предизвици!

Затоа ја обожавам мојата работа, бидејќи не само што секоја берба е различна, туку и секој ден ви е различен. Единствен недостаток е што за секој нов експеримент имате шанса само еднаш во годината да го поставите. Затоа скоро пола година се спремаме за секоја нова берба. Ем сте во неизвесност од временските услови, ем од новите предизвици.

За крај би сакала уште еднаш да им се заблагодарам најпрво на семејсвото кое ми овозможи да студирам и сѐ уште неуморно ме поддржува во оваа „машка“ профересија. Но и на професорите од овој факултет најпрво за знаењето и искуството кое несебично ми го пренесоа и на праксата што ми ја овозможија, за сега да ме повикаат да ја споделам со вас мојата приказна, која се надевам ќе ве мотивира да станете идни инжињери – вака ја заврши својата мотивирачка приказна Сандра, која неуморно продолжува да се надградува и да ниже успеси во својата кариера.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Нелкоски Органик Фуд“ започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на органски лешник
Mладите земјоделци ја зголемуваат продуктивноста во своите компании преку новите технологии во земјоделството
Таг:денови на кариераимеСандра Георгиевска
Претходен напис Здружението „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со шеесет килограми пастрмка
Следен напис (ВИДЕО) Малишиќ: Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?