Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонската платформа за поврзување на фармери со ресторани е вистински хит во Германија!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Македонската платформа за поврзување на фармери со ресторани е вистински хит во Германија!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Македонската платформа за поврзување на фармери со ресторани е вистински хит во Германија!

Објавено 17/11/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Движењето •НА ТРПЕЗА, ДИРЕКТНО ОД НА НИВА• го тресе развиениот свет подолго време. Врвните шефови кои ги прават славни рестораните ширум светот, не признаваат никаков компромис кога станува збор за набавка на зеленчук, овошје и месо…, освен да знаат точно од каде се носат. И купуваат само од најдобрите локални производители. Затоа и лично ги бираат фармерите и креираат трајни врски на соработка.

Светот одамна признава дека локално произведената храна гарантира вистински вкус на она што ќе се готви, а контролираното потекло на нејзиното одгледување е причина плус да се каже дека е вистински здраво.

Можеби заради немањето однос кон вакви нешта кај нас, една иновација на еден битолски тим, за која добија награда на глобалниот натпревар за иновативни идеи организиран од страна на шведската компанија „Ериксон“, идеја со наслов „Farmarket“, го освојува наместо нашиот, германскиот пазар.

Основата на идејата беше да се спојат консументите со органските производители на храна – овозможувајќи онлајн порачки и онлајн плаќање.

Идејата беше на Игор Мишевски и програмерот Александар Балаловски. Се обидоа таа иновација да ја применат тука пред некоја година, но не успеаа.

Идејата остана „во фиока“. Поминаа неколку години, Балаловски својата кариера како програмер ја продолжува во Германија и таму овој „Мејд ин Маседониа“ иновативен продукт наоѓа свој голем клиент.

Во тој миг ФИТР се јавува како катализатор и им помага на овие визионери да успеат. Таму направија некои доработки по експертска сугестија на тимови во Германија, ги поврзаа фармерите со ХоРеКа секторот, па така фармерите ширум Германија се лоцираа на оваа платформа, од која и врвните ресторани и оние локални ресторани кои држат до врвен квалитет и посебно гастрономско искуство купуваат.

Самата платформа нуди регистрација на корисници поделени во две категории – фармери од една страна и ХОРЕКА сектор од друга страна. Фармерите можат да постават производи што ги нудат по одредена цена. Исто така процесот на порачка и плаќање е по електронски пат.

Hof Zu Küche (од нива до кујна) платформа развиена од страна на Александар Балаловски и компанијата IBORN од Скопје, брендирањето е на UI/UX дизајн, е направено е во една целина-продукт од страна на Нова Солушнс.

Предраг Стојковски, генерален менаџер на Нова Солушнс го раскажува патот на оваа поинаква бизнис приказна, која еден ден е добро да има примена и тука кај нас.

„Секоја идеја си го има својот пат/циклус баш како и луѓето. Не знаеме во која насока ќе нѐ однесе. Истото се случува и со нашата идеја Farmarket или денес веќе Hof Zu Küche. Многу фактори влијаат на тоа, но битно е да се сочува сржта и таа веќе ќе си го пронајде својот пат. Идејата е родена пред 7 години и од тимот имавме одреден „backround“ во однос на органското земјоделство – и како хобисти и како консументи. Органското земјоделство во тој период беше во Македонија во развој, а од друга страна, во развиените земји веќе нешто што е нормално. Но потребата и во Македонија и во другите држави беше иста – како да се најде адекватен земјоделец што произведува и продава органски производи. Стабилен во смисла дека навистина произведува органски производи, по прифатлива цена, квалитет и испораката да биде навремена. На Балканот тоа прашање е полесно бидејќи сите знаеме некој што има некој…. Но на Запад е малку потешко за оној кој прв пат бара органски производи. Затоа и фокусот на самиот старт беше германскиот пазар, конкретно Баварија.“, вели Стојковски.

Стојковски со неговиот тим размислувањето за поврзување на купувачите со земјоделците што произведуват органски производи го ставиле на хартија, почнале со креирање на визуелниот идентитет, дефинирање на функционалностите на апликацијата и баш во тој момент се појавил и повик од компанијата „Ериксон“ во вид на глобален награден конкурс за иновативни решенија каде што освоиле второ место.

Од 2014 до 2019 идејата била на „stand by“ сѐ до 2019 и повикот на ФИТР за комерцијализација на иновации, каде што аплицирале и од Фондот идејата ја препознале како прифатлива и истата година проектот им бил одобрен.

„Уште од самиот почеток на развојот на идејата присуствувавме на неколку саеми за земјоделство, каде што имавме неколку неформални средби со здруженија на органски производители на храна каде што го „испитавме“ пулсот, но исто така разговаравме со неколку консултантски компании што работат во областа на земјоделството и прехранбениот сектор. Во 2019 стапивме во контакт со компанијата FoodCompanions од Берлин, специјализирана консултантска компанија, со која што договоривме соработка за развој на бизнис моделот на самата идеја.“, го опишува почетокот Стојковски.

Како што вели Стојковски за Иновативност.мк, во Германија постои доста развиен ХоРеКа сектор што има потреба за поврзување со фармерите, а особено со фармерите што произведуваат органски производи. А во тој сектор има посебен сектор – кантини, но и фабрички кантини. Истражувањето што го вршеле покажало дека ниту фармерите ниту пак луѓето од ХоРеКа секторот немаат навика ниту пак желба да инсталираат посебни апликации, туку повеќе користат web browser (Google Chrome/Mozilla/Opera…) за да ги задоволат потребите на купување/продавање.

„Работењето со надворешните консултантите беше навистина позитивно искуство и одредените принципи на работа кој што ги практицираа ги пренесовме и ги користиме и во нашата секој дневна работа.“, вели Стојковски.

ФИТР, како што вели Стојковски, одиграл добра улога за да го финишираат започнатото.

„Дефинитивно помошта на ФИТР беше од голем значај за да го финишираме проектот. Помошта беше во финансискиот дел. Имено, самиот развој на бизнис моделот како и самиот програмерски развој на идејата е финансиски исцрпен дел. Во тој дел не смеевме да импровизираме“.

Стојковски е оптимист дека овој концепт може да се примени и во нашата земја, како и во секоја друга земја:

„Концептот може да се примени во секоја држава. Но пак за секоја држава ќе треба да се направи и посебно истражување на пазарот што ќе го дефинира и името и техничкиот начин на функционирње. Секоја држава е приказна за себе, па така и Македонија – различни се навиките, различни се потребите, но и големината на самиот пазар“.

Извор: inovativnost.mk

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Со Дајнерс картичката можете на РАТИ да ги плаќате и сметките за СТРУЈА, ТЕЛЕФОН и ПАРНО ГРЕЕЊЕ
НАЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕРКА 3: Подготовките се во тек, сите информации на едно место
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Таг:апликацијаод фарма до ресторан
Претходен напис Први во светот дозволија брашно од ГМО пченица, мелничарите негодуваат
Следен напис Поволни временски услови за агро-активности на земјоделците во Пелагонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?