Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата
Агровести

Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата

Објавено 08/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Француските пчелари очекуваат најлоши приноси на мед во последните децении, а странските медиуми наведуваат дека невообичаено студеното и влажно време ги спречило пчелите да го произведуваат.

Француското здружение на пчелари УНАФ соопшти дека според информациите добиени од регионалните здруженија се очекува приносот за оваа година да биде меѓу 7.000 и 9.000 тони, што е една третина од собраните количини во 2020 година.

„Ова ќе бидат најлошите приноси во историјата на нашата организација, најлоши во последните 50 години“, изјави претседателот на УНАФ, Кристијан Понс.

Тој додаде и дека пчеларите низ Европа имаат слични проблеми поради неповолните временски услови и климатските промени кои ќе имаат трајно влијание врз производството.

Од здружението велат дека оваа година ќе биде погубна за медот бидејќи условите во Франција биле многу тешки за пчелите во пролет и лето, со долги периоди на мраз, студ, дожд и северен ветер.

Според нив, климатските промени со кои се соочуваат во последните 15 години, сега го земаат својот данок и дека годишните времиња на цветање стануваат сѐ пократки. Посочуваат дека во многу делови од таа земја сезоната на пасење завршува во јули, а порано траела неколку недели подолго.

„Постепено климатските промени ќе го оштетат нашиот бизнис, со ова темпо ќе има сѐ помалку домашен мед“, изјави Кристијан Понс, претседател на француското здружение на пчелари УНАФ.

Напоменуваат и дека багремов мед годинава практично нема да има, втора година по ред, додека производството на мед од костен и сончоглед било многу слабо. Разочарувачка е и жетвата на шумски, планински и борови дрвја бидејќи сезоната на цветање беше прекратка, а добар принос даде само онаа од лаванда во медитеранскиот југоисточен дел на земјата, објави УНАФ.

На климатските промени се жалат и пчеларите од Словенија. Петер Козмуш од словенечкото здружение на пчелари вели дека годината е многу лоша и дека речиси 80 отсто немале приноси. Порталот наведува дека слична е ситуацијата и во Италија и дека одгледувачите го зголемиле бројот на кошници за да преживеат, пренесува Банкар.ме.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мед
Претходен напис Австралија ќе продолжи да продава јаглен во наредните децении
Следен напис (ВИДЕО) Балески: Преку проектот „Договорно производство на органска пиперка“- одлична соработка со земјоделците и органски ајвар „MAMA’S“со премиум квалитет, за најпребирливите светски пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?