Мискантус – трска од Кина
Светот бара алтернативни извори на енергија и ги наоѓа на различни страни. Еден вид кинеска трска се појави како гориво на иднината. Ова растение е погодно не само за биомаса, туку и како градежен материјал.
Во Истражувачкиот центар што припаѓа на Универзитетот во Бон, Германија,
агрономите одгледуваат растенија на иднината. Неопходно е тие брзо да растат, да не ја исушат почвата премногу и да бидат употребливи за разни намени. Целта е да се добие гориво од растенијата кои еден ден целосно ќе ги заменат фосилните извори на енергија како јаглен, нафта или природен гас, објаснува екологот Ернст Берг.
Глобален предизвик пред луѓето е да го заменат јаглеродот, кој во моментов се добива од фосилни извори, со биомаса. Со тоа мора да се реши проблемот со енергијата, но не смее да се заборави и на исхраната на луѓето и животните.
Затоа, растенијата не треба да заземаат премногу површина и така да ги потиснат прехранбените култури. Растенијата за биомаса мора брзо да растат и да дадат висок принос на мала површина. Некои истражувачи користат оранжерии со соодветна температура, други создаваат моќни растенија преку генетски инженеринг. Но, постојат и растенија кои природно растат со огромна брзина.
Меѓу нив е и мискантус, вид трска од Кина. Од ваквата биомаса, лесно се добива водороден гас, кој, на пример, би можел да ги стартува автомобилите. Покрај тоа, кинеската трска е многу поефикасна од маслодајната репка, која е најраспространетиот извор на биоенергија во Европа.
Мискантус е растение кое вреди исто колку и нафтата

Кај маслодајната репка, односот помеѓу енергијата која се вложува во одгледување и она што се добива е еден спрема два. Кај мискантусот, тој сооднос е еден спрема петнаесет! Тоа е многу повисока ефикасност што се добива на одредена површина! Конкретно, земјоделецот од еден хектар кинеска трска годишно може да добие гориво колку од 8.000 литри масло за греење. На земјоделците особено им се допаѓа огромната брзина со која трската расте – и до пет сантиметри дневно! Од друга страна, работата за одржување е минимална.
Кинеска трска мискантус
Енергетска трска мискантус (или кинеска трска или слоново уво) е растение кое ги преработува отпадните фекални води, по што останува наталожена неутрална тиња, што е одлична како вештачко ѓубриво. Тие се способни да преработуваат дури и тешки метали. Не бара посебна грижа и може да успева и на контаминирано земјиште, кое со текот на времето го претвора во плодно.
Таа е одлична суровина за биомаса и за градежната индустрија. Има слични својства како енергетската врба. Ги прочистува фекалните води. За потребите на населба од пример 15.000 жители треба да се засадат околу 7-8 хектари, што е инвестиција од 12.000-13.000 евра, додека донесува нето приход од 6.400 евра, т.е. 800 до 900 евра по хектар (пресметката се однесува на територијата на ЕУ). Останатите модерни системи за третман на отпадни води за иста ваква населба чинат од три до пет милиони евра и не носат приход.
Приходот што го носат овие растенија се однесува на нивната друга голема предност – греењето. Растенијата по хектар даваат 40-80 тони плод, кој најчесто се користи за брикетирање, а брикетите имаат исклучително висока топлинска енергија. Еден хектар засадено растение дава брикети за 7-8 станови, а количината на ослободен јаглерод моноксид е – нула! По еднократно садење, трската се експлоатира во следните 25-30 години. Таа е многу отпорна на мраз.
Кога ќе се посади трска, првите две години таа мора да се плеви од коров, а после тоа нема потреба.
Ризом мискантус: Мискантус е повеќегодишно растение. Засадете го еднаш и плодовите од својот труд ќе можете да ги собирате 15-20 години. Трудот за садење е занемарлив.
Растение мискантус: Добивката се остварува во третата година, после петтата година почнувате да остварувате добивка бидејќи сте ги вратиле вложените средства. Биопелетот што се прави има јачина од 15-17.000 Kj. Пепелта по согорување е 1%.
Извор: agriland.co.uk, agrosavjet.com, thescottishfarmer.co.uk
