Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На пазарот домати со изменети гени, производителите велат дека не се ГМО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На пазарот домати со изменети гени, производителите велат дека не се ГМО
Агровести

На пазарот домати со изменети гени, производителите велат дека не се ГМО

Објавено 30/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јапонската компанија „Sanatech Seed“ овој месец започна со продажба на домати чиј геном е регулиран со технологија позната како CRISPR-Cas9, пишува AFN. Засега ќе биде достапен само за клиентите во Јапонија.

Станува збор за домат од сортата Sicilian Rouge кој е геномски распореден да содржи високо ниво на гама-аминобутерна киселина (ГАБА), невротрансмитер кој се синтетизира во мозокот каде што ја намалува стимулацијата на нервниот систем.

Неодамна, две студии од Јапонија докажале дека во форма на додаток во исхраната може да има корисен ефект врз меморијата и когнитивните функции во разбирањето на просторните односи. Според ISAAA, се верува дека го намалува крвниот притисок и има релаксирачки ефект врз телото.

Не се ГМО?

Според Шимпеи Такешит, претседател на оваа компанија, нивните домати содржат четири до пет пати повеќе ГАБА отколку обичните. За да се зголеми ова ниво, компанијата користела технологија CRISPR-Cas9 за да ги отстрани домените во геномот на доматот кои дејствуваат како блокатори за производство на споменатата киселина.

Така, овој метод им овозможува на научниците на точно одредено место во ДНК да отстранат некој дел, да го инактивираат или да го заменат со друг.

Според научните истражувања, ова им дава на културите подобар вкус, подолг рок на траење и/или подобра толеранција на суша. Научниците напоменуваат дека овој метод не е ист со ГМО бидејќи не вклучува ДНК од други живи организми.

Од компанијата „Sanatech Seed“ во соопштението навеле дека на глобално ниво ќе продолжат да споделуваат искуства за позитивното влијание на генетски модифицираните култури, како и да развиваат нови сорти за задоволување на потребите на потрошувачите и производителите. Во блиска иднина, тие планираат да направат пире од домати од оваа сорта.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:ГМО
Претходен напис Германија е на врвот по производство на компири во ЕУ
Следен напис Мискантус – растение кое вреди како нафта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?