Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За пчеларите во моментов две можности за неповратни пари, преку Ипард и мерката „Млад земјоделец“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > За пчеларите во моментов две можности за неповратни пари, преку Ипард и мерката „Млад земјоделец“
Агровест

За пчеларите во моментов две можности за неповратни пари, преку Ипард и мерката „Млад земјоделец“

Објавено 18/08/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Алтернативно земјоделско производство“

Главната цел на  мерка 7 од ИПАРД продрамата е поттикнување на вработувањето преку создавање на нови и задржување на постојните работни места, со што ќе зголеми нивото на економска активност во руралните средини,  ќе се подобри квалитетот на живот и  ќе се намали руралната депопулација.

Во алтернативно  земјоделско производсво спаѓаат следните инвестиции:

• Одгледување на печурки и тартуфи;

 • Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрва);

• Производство на семенски и саден материјал;

 • Одгледување на зајаци;

 • Одгледување на полжави;

• Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;

• Одгледување на дивеч;

 • Пчеларство;

 • Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;

 • Насади на дрвја (брзо растечки) за дрвена граѓа и био-маса;

 • Рибници за производство на слатководна риба.

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1500 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

III. Прифатливи трошоци

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

IV Локација на прифатлива инвестиција

 Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.

V. Листа на потребни документи

Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД, мерка 7, специфични документи кои треба да ги достават апликантите  за ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 1 – АЛТЕРНАТИВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО се следните:

 1. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ( овој документ се доставува во случај на  инвестиција во Аквакултура- Рибници за производство на слатководна риба)

 2. ДОГОВОР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ ПОМЕЃУ БАРАТЕЛОТ И ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ НАЦИОНАЛНИ ШУМИ(Овој документ се доставува во случај на инвестиции во одгледување на шумски и декоративни растенија и дрва и доколку барателот не поседува сопствен основен материјал).

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 2 е во тек и трае до 22 август 2021 година.

СИТЕ информации за Мерка 112: Колку бодови, од кои региони и која дејност има предност за грант од 10.000 евра

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед
Таг:апликациипчеларифиизчки лица
Претходен напис Бачовски: Се продолжува рокот за апликација по Мерка 7 од ИПАРД
Следен напис Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?