Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за аплицирање на мерка 7 од ИПАРД – Рурален туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Услови и потребна документација за аплицирање на мерка 7 од ИПАРД – Рурален туризам
Фондови

Услови и потребна документација за аплицирање на мерка 7 од ИПАРД – Рурален туризам

Објавено 12/08/2020
Сподели
11 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата се очекува наскоро да биде објавен. Тоа значи дека веќе е време да се информирате за што се може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни.

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Цемејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. За што може да се аплицира во Руралниот Туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

III. Стандарди

На крај на инвестицијата потребно е да се достигнат минималните национални стандарди за :

  • Јавно здравје
  • Благосостојба на животните
  • Безбедност на храна
  • Заштита при работа
  • Заштита на животна средина

IV. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 5000 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

V. Економска одржливост

Економската оддржливост на инвестицијата, барателот ја докажува преку:

  • Технички прелог проект (за инвестиции до 80 000 €)
  • Деловен план (за инвестиции над 80 000 €)

VI. Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели

Обезбедување на пристап, уредување и офрадување.

VII. Листа на потребни документи

  1. Комплетно пополнето барање за мерката Диверзификациа на фармите и развој на бизниси – Документот го има на ВЕБ страницата на АФПЗРР
  2. Копија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава од барателот (Физичко лице) дека до крајот од инвестицијата ќе регистрира економска активност како:
  4. Занаетчија или
  5. Угостител или
  6. Трговец поединец

Документот го дава самостојно барателот

  • Диплома / сертификат за економски неземјоделски активности (Документот се доставува во оригинал или копија заверена на нотар)

или

Изјава од барателот дека на крајот од инвестицијата ќе достави сертификат со учество на тренинг модули релевантни на инвестицијата, издаден од релевантна институција. – Изјавата ја дава самостојно барателот.

  • Доказ дека барателот (за Правно лице) не е во постапка на стечај – Документот го издава Централен Регистар
  • Доказ дека барателот (за Правно лице) не е во постапка на ликвидација – Документот го издава Централен Регистар
  • Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност – Документот го издава Централен Регистар
  • Копија од Акционерска книга – само ако барателот е регистриран како АД.
  • Потпишана изјава за големина на барателот (правно лице) – микро или макро претпријатие.
Ранг на претпријатиеБрој на вработениГодишен приход (обрт)Биланс на состојба
Мало< 50< 10 милиони €< 10 милиони €
Микро< 10< 2 милиони €< 2 милиони €

Документот го дава самостојно барателот.

  1. Потврда дека најмалку едно одговорно лице е во редовен  работен однос во правното лице,

или

Потврда дека најмалку едно одговорно лице е ангажирано со договор за работа, или

Потврда дека најмалку едно одговорно лице е привремено вработено во правното лице кое е барател на финансиска поддршка.

  1. Уверение за подмирени обврски по основ на даноци, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување – Документот го издава Управа за јавни приходи
  2. Доказ дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на единицата на локална самоуправа – Документот го издава Општината – сектор за ЛЕР.
  3. Имотен лист за објект и/или земјиште (доколку има договор за закуп или концесија за имотот, договорот треба да е впишан во имотниот лист) – Документот го издава Агенција за катастар.
  1. Договор за закуп на:
  2. Објект или
  3. Земјиште

Документот го доставува барателот во оригинал или копија заверена на нотар.

  1. Договор за концесија на:
  2. Објект или
  3. Земјиште

Документот го доставува барателот во оригинал или копија заверена на нотар.

  1. Доказ за редовно подмирени обврски по основ на договор за кредит во случај кога банката има воспоставено залог врз имот впишан во имотниот лист – Документот го издава банката од каде што е подигнат кредитот.
  1. Решение за одобрен елаборат за животна средина, или

Решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина со одобрен акционен план, или

“А“ – интегрирана еколошка дозвола, или

“Б“ интегрирана еколошка дозвола, или

  • ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА А ИЛИ Б ИНТЕГРИРАНА
    ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ИЛИ
  • ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ
    ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТОТ ИЛИ
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ/МИСЛЕЊЕ ДЕКА ЗА ТОЈ ВИД НА ИНВЕСТИЦИ

Документот го издава Министерство за животна средина или Општината.

  1. Една понуда издадена од добавувач за секоја ставка / група на ставки со износ помал од 10 000 евра, придружена со техничка спецификација и изјава за земја на потекло за секоја ставка.

Документите  ги издава понудувачот (фирмата) која ќе ги извршува работите или од која што ќе се набавува опремата.

  1. Три понуди издадени од добавувачи за секоја ставка / група на ставки со износ поголем од 10 000 евра, придружена со техничка спецификација и изјава за земја на потекло за секоја ставка.

Документите  ги издаваат понудувачите (фирмите) кои ќе ги извршуваат работите или од која што ќе се набавува опремата.

  • Копии од лиценци за градба за релевантната категорија на градба за секој понудувач – Документите  ги издаваат понудувачите (фирмите) кои ќе ги извршуваат работите или од која што ќе се набавува опремата.
  • Копија од акционерска книга за сите понудувачи кои се регистрирани како акционерски друштва – копија. – Документите  ги издаваат понудувачите (фирмите) кои ќе ги извршуваат работите или од која што ќе се набавува опремата, а кои се АД

Изјава од барателот за понудата која ја одбрал за реализација на проектот, се доставува докиолу не е избрана понудата со најниска цена – Документот  го доставува барателот со објаснение за причините на изборот.

  •  Договор за општи трошоци – Документот  го доставува барателот доколку има претходно склучено таков договор.
  • Фактура за платени општи трошоци – Документот  го доставува барателот доколку има претходно направено општи трошоци (изработка на проекти, елаборати поврзани со проектот, изработка на  деловни планови, и др.)
  • Одобрение за изградба на:
  • Изградба на нов објект
  • Реконструкција на постоечки објект
  • Адаптација на постоечки објект
  • Доградба на постоечки објект
  • Надградба на постоечки објект
  • Изведена состојба
  • Поставување на опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствени потреби

Документот го издава општината во која се изведува градбата / инвестицијата.

-Потврда од релевантна институција дека за предложената инвестиција не е потребно одобрение за градба.

  • Копии или електронска форма (ЦД) од основните технички цртежи и предмет пресметка од ревидираната техничка документација за:
  • Изградба на нов објект
  • Реконструкција на постоечки објект
  • Адаптација на постоечки објект
  • Доградба на постоечки објект
  • Надградба на постоечки објект
  • Изведена состојба

Документот  го доставува барателот од проектот за градба.

  • Времена ситуација  / состојба за сите завршени градежни работи, завршени пред одобрување на проектот. – Документот  го доставува барателот
  • Деловен план – доколку инвестицијата е поголема од 80 000 ЕВРА – Документот  го доставува барателот, а го изготвува фипма по избор на барателот.
  • Технички предлог проект – доколку инвестицијата е помала од 80 000 ЕВРА – Документот  го доставува барателот, а го изготвува фипма по избор на барателот.,

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ – ПРОМОЦИЈА НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ

  1. Поднесено барање за добивање на согласност за основање на Автокамп ( ако инвестицијата е автокамп) – Документот го издава Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
  2. Решение за вршење на угостителска дејност за:
  3. Сместување и/или
  4. Послужување на храна

Забелешка: Овој документ не е потребен доколку инвестицијата се однесува за
воспоставување на нови сместувачки капацитите и/или угостителски објекти

Документот го издава министерството надлежно за раководење со секторот угостителство.

  • Решение за категоризација – издадено од Општината или Министерство за Економија.
  • Технички цртежи придружени со пишан елаборат за традиционалниот стил на градба и опис на градежните материјали кои ќе се употребуваат на постоечките традиционални градби во руралната област каде што се оланира да се реализира инвестицијата.

Забелешка: Овој документ не е потребен доколку инвестицијата се однесува за
воспоставување на нови сместувачки капацитите и/или угостителски објекти
.

Агенцијата го задржува правото да побара дополнителна документација со цел
докажување на исполнување на критериумите од ИПАРД Програмата 2021-2027 за
користење на финансиска поддршка. Исто така Агенцијата има право да побара
дополнителни документи за Барателот од други Институции со кои се докажува
исполнување на соодветни критериуми од Програмата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
Откупувачот за да врши откуп на земјоделските производи, треба да ги исполнува следниве услови
За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, кривична пријава против две лица
Таг:Ипардмерка2рурален туризамфирмафонд
Претходен напис Кога и како треба да направите обнова на стадото со молзни крави?
Следен напис Известување до Охридските пчелари
2 коментари 2 коментари
  • Таки напиша:
    на 22/01/2021 г. во 10:56 часот

    Добар ден
    Сакам да се информирам во врска со аплицирање за средства од некоја програма за реновирање на сместувачки студиа во Крушево

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 01/02/2021 г. во 23:14 часот

      Почитуван, за повеќе информации околу ИПАРД на телефонскиот број 071 381 453 Агрокултура консалтин. Поздрав

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?