Питомиот костен (castanea sativa mll.) до скоро кај нас беше третиран како шумско листопадно растение. Меѓутоа, имајќи ја во предвид хранливата вредност на неговиот плод (со големо количество на скроб, шеќер, азотен материјал), како и некои од важните витамини како што се Б, Ц и витаминот К може да се заклучи дека плодот на питомиот костен има исклучително значење во исхраната на луѓето, домашните животни и дивечот така да ова е значајна јаткаста овошна сорта.
Питомиот костен од еколошка страна завзема посебно место и успева само на одредени и за него погодни места. Растенија кои живеат покрај питомиот костен во неговите природни живеалишта се шумските сорти како даб, бука и бреза што можат да служат како индикатори дека на местата каде што ги има споменатите сорти, може успешно да се одгледуваат питоми костени. Меѓутоа присуството на калциум во земјиштето е ораничувачки фактор за нормален развој на питомиот костен.
Во нашата земја има се помалку самоникнати питоми костени, но неговото одгледување не е невозможно. Најголемо ограничување е што немаме свои сорти, односно хибриди и нема калемење на костенот. Во нашите климатски услови питомите костени можат да се садат од паѓањето на лисјата па се до почетокот на вегетацијата. Опстанокот и развојот на садниците зависи од неговиот квалитет и начинот на припрема. Здравите и добро развиените садници, пред садењето се класифицираат според развиеноста. Така покасно се постигнува изедначен развој на стеблата. Недоволно развиените и оштетените садници се одфрлаат.

Потоа садниците, односно нивниот корен се потопува во посебно припремена смеса. На добро припремено земјиште се копаат дупки доволно големи за да правилно се распореди коренот. На дното од дупката се посипува плодна растресита земја во вид на хумус и на неа се поставува коренот. Кога садницата ќе се постави на соодветна длабочина, на коренот се нанесува земја, добро се наводнува, се додава 5-7 килограми прегорено арско ѓубриво и потоа пак се нанесува земј, се прави купче со висина од 15 сантиметри и така се остава до пролет.

За подигнување на насади со питоми костени најмногу одговараат ридести песочни земјишта кои се плодни, длабоки и растресити. Питомите костени треба да се садат на јужни, југоисточни и источни страни со умерено континентални услови. За успешно одгледување на костени најпогодни се земјишта со благи косини. Костените во костеновата шума брзо се зазмножуваат од кореновото стебло, семето и со садење на садници произведени во расадници. Прихраната која се препорачува за употреба е амониум-сулфат, калиум –нитрат и калиум сулфат.
Извор: Agroeko magazin
