Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија: Одгледување на питоми костени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Србија: Одгледување на питоми костени
Растително производство

Србија: Одгледување на питоми костени

Објавено 10/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Питомиот костен (castanea sativa mll.)  до скоро кај нас беше третиран како шумско листопадно растение. Меѓутоа, имајќи ја во предвид хранливата вредност на неговиот плод (со големо количество на скроб, шеќер, азотен материјал), како и некои од важните витамини како што се Б, Ц и витаминот К може да се заклучи дека плодот на питомиот костен има исклучително значење во исхраната на луѓето, домашните животни и дивечот така да ова е значајна јаткаста овошна сорта.

Питомиот костен од еколошка страна завзема  посебно место и успева само на одредени и за него погодни места. Растенија кои живеат покрај питомиот костен во неговите природни живеалишта се шумските сорти како даб, бука  и бреза што можат да служат како индикатори дека на местата каде што ги има споменатите сорти, може успешно да се одгледуваат питоми костени. Меѓутоа присуството на калциум во земјиштето е ораничувачки фактор за нормален развој на питомиот костен.

Во нашата земја има се помалку самоникнати питоми костени, но неговото одгледување не е невозможно. Најголемо ограничување е што немаме свои сорти, односно хибриди и нема калемење на костенот. Во нашите климатски услови питомите костени можат да се садат  од паѓањето на лисјата па се до почетокот на вегетацијата. Опстанокот и развојот на садниците зависи од неговиот квалитет и начинот на припрема. Здравите и добро развиените садници, пред садењето се класифицираат според развиеноста. Така покасно се постигнува изедначен развој на стеблата. Недоволно развиените и оштетените садници се одфрлаат.

Потоа садниците, односно нивниот корен се потопува во посебно припремена смеса. На добро припремено земјиште  се копаат дупки  доволно големи за да правилно се распореди коренот. На дното од дупката се посипува плодна растресита земја во вид на хумус  и на неа се поставува коренот. Кога садницата ќе се постави на соодветна длабочина, на коренот се нанесува земја, добро се наводнува, се додава 5-7 килограми прегорено арско ѓубриво и потоа пак се нанесува земј, се прави купче со висина од 15 сантиметри и така се остава до пролет.

За подигнување на насади со питоми костени најмногу одговараат ридести песочни земјишта кои се плодни, длабоки и растресити. Питомите костени  треба да се садат на јужни, југоисточни и источни страни со умерено континентални услови. За успешно одгледување на костени најпогодни се земјишта со благи косини. Костените во костеновата шума брзо се зазмножуваат од кореновото стебло, семето и со садење на садници произведени во расадници. Прихраната која се препорачува за употреба е амониум-сулфат, калиум –нитрат и калиум  сулфат.


Извор: Agroeko magazin





Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:костениодгледување на питоми костенипитоми костени
Претходен напис Овесот е новата Нокиа за Финска?
Следен напис Кромид во пластеници во текот на зимскиот период
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?