Најзастапените производи кај нас од сортата на луковите – кромидот, лукот и празот под земјата формираат вистинска или лажна луковица, односно задебелена ризома со резевни хранливи материјали, кои се користат за исхрана но и за производство на млад кромид со методата на поттикнување. Младиот кромид во зимскиот период се одгледува со поттикнување на покрупниот арпаџик со пречник поголем од 22 милиметри, или поситни луковици со пречник од 30 милиметри.
При поволни услови од луковицата брзо се развива корен и листови и се формира млад кромид (снежно бело стебло со зелени листови). Брзината на растот и бројот на млади растенија зависи од крупноста на луковиците и бројот на т.н гнезда со клици, колку е поголем бројот на гнезда толку повеќе ќе има млади растенија. Оптималната температура за раст на младиот кромид е 18 степени Целзиусови но ова растение поднесува и ниски температури. Растот на младиот кромид се одвива на сметка на резервните материи од луковицата, затоа тие при користењето за производство можат да се редат густо една до друга, плитко по површината на земјата или на самата површина во тунели или пластеници. Производството на млад кромид со поттикнување во заштитен простор, се прави како чист насад или се одгледува помеѓу краставици, домати и најчесто помеѓу салати.
Поради побрзо изникнување се применуваат неколку начини на обработка на луковицата.
Луковиците покриени со слама или со други материјали можат да се држат во топла просторија 5-7 дена и да се залеваат со топла вода 40-45 степени Целзиусови.
Луковиците можат да се потопуваат во вода на температура од 35-40 степени Целзиусови , во текот на 12-15 часа. Освен наводенувањето, луковиците можат да се држат на температура до 30 степени Целзиусови и на релативна влажност на воздухот 80-90%. Ефикасен начин на обработка на луковиците, за садење во октомври и ноември представува и одсекувањето од вратот на луковицата, што овозможува побрзо никнување. Сите начини за обработка на луковицата имаат за цел побрзо израснување на листовите и коренот.
При поттикнувањето, најголеми приноси се остваруваат со густо и плитко садење, луковица до луковица- без растојание во редовите, во леи со ширина од 120 сантиметри. Тие и не мора да се покриваат со слој од земја, туку само благо се втиснуваат во земјата.
Во зависност од големината на луковицата, потребно е 8-10 килограми саден материјал на метрар кавдратен. После садењето луковиците се заливаат со 10 литри/метар квадратен топла вода на 30-35 степени Целзиусови, што го поттикнува растот на никулците и растот на младиот кромид. Во производството се применуваат различни мерки на нега.
За побрз раст на младиот кромид во пластеникот треба да се одржува температура од 15-18 степени Целзиусови во текот на сончевите денови, односно околу 14 степени Целзиусови во текот на облачните денови. Кромидот е квалитетен и на темепература од 10 степени Целзиусови, и покрај тоа што може да расте и за неколку степени пониски температури.
За сигурно производство во зима во објекти без греење треба да се користат и дополнителни тунели од РЕ фолии или пак кромидот да се покрие дирекно со агротекстил. Во такви објекти кромидот успешно расте и кога надворешните темпертаури паѓаат и до -10 степени Целзиусови.
Младиот кромид побрзо расте доколку во фаза од 2-3 лисја се прихрани со раствор од течно ѓубриво на пр. со 0,2 % азотен раствор. За квалитетен млад кромид важно е садниот материјал да биде здрав и предходно 10-20 минути да се потопи во раствор што ќе го спречи развојот на гливични заболувања.
Пазарната зрелост на младиот кромид пристигнува во зависност од сортата и темепературните услови за греење одприлика за 20-45 дена од садењето.
Извор:Agro-Eko Magazin
