Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Сали Велиоски на 13 декари произведувa јагоди: Потребни се многу труд и знаењe, никаде не даваат пари без работа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Сали Велиоски на 13 декари произведувa јагоди: Потребни се многу труд и знаењe, никаде не даваат пари без работа
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Сали Велиоски на 13 декари произведувa јагоди: Потребни се многу труд и знаењe, никаде не даваат пари без работа

Објавено 22/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атарот на скопското село Света Петка каде и да погледнете во убавата природа, светкаат најлоните, се црвенеат редовите со јагоди, се слушаат трактори и гласови на земјоделци.

Ниви со прва година јагоди, други декари со јагоди во втора година и површини со јагоди во трета родна година, а тука некаде се и оние за расад.

Главниот проблем на сите земјоделци им е недостигот на вода, па се снаоѓаат со носење со цистерни што значително им го поскапува производството. Можност за наводнување има, во близина е реката Треска и нивното барање како земјоделци до Владата е токму решавање на тој проблем. Ветување добиле, ја очекуваат реализацијата.

Во меѓувреме, земјоделците од Света Петка не мируваат, по цел ден, секој ден се во плантажите и од корен на корен, се прихранува, заштитува, се плеви, се бере…се вршат сите агротехнички мерки.

Вака изгледаат 13 -те декари на искусниот земјоделецот Сали Велиоски кој 25 години одгледувајќи јагоди, процесот го довел до совршенство. За вложувањето во ова производство, од 2000 евра за еден декар, вели дека се враќа првата година. Петчлено семејство е ангажирано околу производството но главниот е тој и неговите активности од расад до берба.

За одгледувањето, вложувањата, заработката, пласманот и другите аспекти околу производството на јагоди, Салиоски зборува за Агротим.

Може да ви се допадне

Сали: Новата транша од ЕК е постигнување на Владата и најдобар доказ дека кога постои јасна визија и конкретна работа, државата оди напред
Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда
Сали: Европската интеграција мора да се претвори во конкретни дигитални услуги за граѓаните
Сали: Инвестицијата во знаење и иновации е инвестиција во европската иднина
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Таг:салисвета петка село
Претходен напис Проект – „Мониторинг и конзервација на ендемската и загрозена пастрмка (Salmo peristericus) во Преспанскиот регион
Следен напис Стартуваше онлајн платформа за продажба на земјоделски производи
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?