Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обратил на отворањето на дијалогот Шлезвиг-Холштајн–Западен Балкан за јакнење на социјалната кохезија и заштитата на малцинствата, организиран во Академијата Занкелмарк во Оеверзе, Германија.
Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за европски прашања, Сали истакнал дека довербата во институциите се гради преку еднаква примена на законот, достапни јавни услуги и суштинско учество на граѓаните во одлучувањето.

Осврнувајќи се на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, тој ја нагласил одговорноста принципите на еднаквост и застапеност да се преточат во конкретни подобрувања за граѓаните.
Министерот, како што информираат од МЕП, посочил и дека реформите во процесот на пристапување кон Европската Унија треба да ја зајакнат довербата во општеството.

Тој ја изразил подготвеноста на С. Македонија да ги сподели своите искуства и да развива соработка меѓу институциите и општините од регионот и германските партнери, со фокус на вклучувањето на заедниците и подобрувањето на јавните услуги.
МИА

