Заедно со заменик министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски како и претставници од невладиниот сектор и научни инситуции, денеска присуствував на настан во Преспанскиот регион, во рамките на проектот „Мониторинг и конзервација на ендемската и загрозена пастрмка (Salmo peristericus) во овие реки“.

Проектот е финансиран од PONT (Prespa Ohrid Natuture Trust) и CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) и поддржан од #МЗШВ со цел подобрување на статусот на популација на ендемската и загрозена преспанска пастрмка (Salmo peristericus) преку заштита, мониторинг и конзервација во Националниот парк Пелистер и регионот на Преспа.

Искрено се надевам дека заштитата на ендемската пастрмка нема да прекине со завршување на овој проект, туку напротив дека истиот ќе претставува поттик за натамошно заедничко работење на сите институции кои се инволвирани во оваа проблематика. Нашата цел е да ги заштитиме и другите ендемски видови риби кои живеат во водите на реките и езерата на Северна Македонија.
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

