На 9 мај беа успешно плантажирани 2000 садници планински чај во с. Крани и 550 садници планински чај во с. Стење.
Приоритетите на зачувување на природата и медицинските, ароматични билки е од особена важност за здружението „Рурални жени од Преспа“, кои со своето делување воедно пристапуваат и како најсилен двигател на промени во Преспанскиот Регион.

Активностите се во склоп на проектот „Економски развој на недрвни шумски производи во регионот на Преспа“, имплементиран од CNVP, со поддршка на PONT.
Како до добра земјоделска практика со која ќе се поттикне квалитетен производствен процес за планински чај?
Совет број 1: Избегнете нарушување на околината. Производителите вклучени во производство на планински чај, треба да избегнат оштетување на живеалиштата на дивите животни, а исто така и да вложат напори за подобрување на биолошката разновидност на нивните фарми.
Напорите се однесуваат кон: Добро управување со водната средина, зачувување на природните елементи со еколошка важност…

Совет број 2: Основната цел врз која треба да се базира производството на планински чај е да се исполнат барањата на потрошувачот и стандардите со највисок квалитет, истиот да се произведува хигиенски и да се намали микробиолошкиот товар на минимум.
Чајот треба да се произведува со внимание бидејќи кај медицинските и ароматични билки постои изложеност на нивните деривати и токму преку високи хигиенски услови да се намали растителното загадување во најголема мера.

Совет број 3 :
Во однос на култивирањето, поточно во однос на почвата и ѓубрењето, лековитите и ароматични растенија не треба да се одгледуваат во почви загадени со хемикалии или тешки метали. Нанесеното ѓубриво се препорачува да биде компостирано.
Совет број 4:
Наводнувањето на планинскиот чај треба да се минимизира и применува според потребите на растението.
Водата треба да биде прочистена од загадувачи, пестициди и токсиколошки материи.
Совет број 5:
Земјата за култивирање треба да се прилагоди кон растот на растението, со избегнување на примена на пестициди. Сите мерки во врска со снабдувањето со хранливи материи и хемиската заштита на планинскиот чај е она што всушност ја обезбедува нивната продажба.
https://www.facebook.com/prespanskiplaninskicaj/posts/314684393608902
