Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за финансирање на проектот за модернизација на земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за финансирање на проектот за модернизација на земјоделството
Агровест

Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за финансирање на проектот за модернизација на земјоделството

Објавено 11/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието на денешната 18. седница го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов рече дека за овој проект, земјава ќе се задолжи за 46 милиони евра, што според него, се огромни пари, а земјоделците, како што рече, нема да видат никаков бенефит.

– За законот официјални податоци каде ќе се трошат парите во законското решение нема. Тоа остава простор на законодавецот како сака да ги троши овие пари. Ваквото законско решение е контроверзно и буди сомнеж. Ненудење решение, земање кредити и незнаење каде парите ќе завршат, вели Трајанов.

Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка од СДСМ, рече дека овој Закон е уште еден доказ за успешната политика на актуелната власт.

Проектот за модернизација на земјоделството за кој се овозможуваат средства од Светска банка, како што рече, опфаќа неколку сегменти меѓу кои и решавање на проблемот со пласманот на земјоделските производи и изградба на откупно дистрибутивни центри Ресен, Струмица, Скопје.

Пратениците го изгласаа и Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка. Пратеничката група на ДОМ не даде поддршка за овој Закон, бидејќи, како што рече во своето излагање пратеничката од оваа партија, Маја Морачанин, со продолжување на овие рокови се праќа индиректна порака до граѓаните дека може да градат на диво без да имаат градежна дозвола и понатамошно во некој момент ќе им бидат овозможени услови да ги легализираат своите дивоградби.

Собранието во продолжението на 34. седница го даде предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на второ читање.

Во 15 часот Собранието ќе ја продолжи 29. седница.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Таг:Земјоделствомодернизација
Претходен напис Водотеците во Кичевско-бродскиот регион зголемени поради топењето на снегот
Следен напис „Рурални жени од Преспа“ – Успешно плантажирани 2000 садници планински чај во с.Крани и 550 садници планински чај во с.Стење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?