Владата ги прифати поблагите рестриктивни мерки предложени од комисијата за заразни болести. Полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до четири часот наутро.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.
Настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца во градинките од 15 на 20.
Новите мерки важат од 12 до 18 мај.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.
