Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ со онлајн-дегустација на „Тераса во сенка“: Како да добивме „Златна палма“ во Кан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > „Тиквеш“ со онлајн-дегустација на „Тераса во сенка“: Како да добивме „Златна палма“ во Кан
Агровест

„Тиквеш“ со онлајн-дегустација на „Тераса во сенка“: Како да добивме „Златна палма“ во Кан

Објавено 23/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како да добивме „Златна палма“ во Кан, вака накусо претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски го прокоментира освоениот медал на натпреварот „Мундус Вини“ – еден од најголемите и најпрестижните во светот, за црвеното вино „Terrasse à l’Ombre“ од бербата 2018.

На онлајн брифингот со новинарите на кој беше организирана и дегустација на „Terrasse à l’Ombre“, Јаневски уште еднаш нагласи дека „Тиквеш“ е вистински амбасадор на Северна Македонија.

-Ние не се компарираме со некој од соседството, туку излегуваме на отворен пазар. Гордост ни е што направиме подем и во Франција. Земјата е организирана во делот на продажбата, маркетингот и овозможува многу полесен пристап до она што значи колективно знаење за вината и енологијата. Но, нема да застанеме тука. Отвореноста, науката и традицијата, остануваат наше мото, истакна Јаневски.

Осврнувајќи се на актуелната состојба со винарството кај нас, Јаневски оцени дека се уште немаме винска индустрија или барем не призната, имаме само лозаропроизводители. Знаењето и можностите, порача, мора да се искористат за да го подигнеме квалитетот, а неопходно е и „лесно“ преструктуирање.

-Ние што сме родени во Југославија имавме друг, отворен пристап и колективно знаење на голема земја. Денес, се повеќе влегуваме во филозофијата на Енвер Хоџа дека се што се случува, се случува до границата на Бујановац. „Тиквеш“ излезе од контурите на изолација и им овозможи на младите да го „соџвакувааат“ фактот дека влегуваме во понапредна индустрија, потенцира Јаневски.

Според главниот енолог во „Тиквеш“, Марко Стојаковиќ кој најави и почеток на органско производство, наградата за „Terrasse à l’Ombre“ не дојде туку така. Една година се барала идеална локација за правење врвно вино, а потоа се селектирале најдобрите парцели.

„Terrasse à l’Ombre“ или „Тераса во сенка“ е произведено на поседот на „Тиквеш“ во Шато де Гурдон, Франција, а освои голем златен медал на „Мундус Вини“ во Германија. Виното е прогласено и за најдобро од целиот регион на долината на реката Рона. Ваквото постигнување, според „Тиквеш“, се вбројува меѓу најголемите успеси на македонските винарници, бидејќи се должи на уникатниот спој меѓу македонското енолошко искуство и француското поднебје.

Како што беше речено на дегустацијата, виното е купажа во која доминира црниот гренаш, со специфично влијание на зачинскиот карактер на сортата сира. Шато де Гурдон постои од 1870 година, а од 2018 година е дел од системот на „Тиквеш“. Лозјата кои се дел од овој посед зафаќаа 50 хектари во долината на јужна Рона и се сместени во единствено поднебје, изложени на сонце и на свежината на ветрот Мистрал во текот на целиот ден. Тие се издигаат од песочен терен богат со речен камен кој во текот на ноќта зрачи со топлина акумулирана во текот на денот и така му помага на гроздот совршено да созрее. Единствената микроклима и составот на почвата го стимулираат високиот квалитет на секој грозд, кој потоа се бере рачно, за на крај да се преточи во комплексни и неповторливи вина.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ на „Тиквеш“ и нови меѓународни признанија
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Таг:Тиквеш
Претходен напис Веро е добитник на наградата Best Buy за најдобар однос на цена и квалитет
Следен напис АХВ со сет на мерки за сточарите за заштита од африканска свинска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?