Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ со сет на мерки за сточарите за заштита од африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ со сет на мерки за сточарите за заштита од африканска свинска чума
Агровести

АХВ со сет на мерки за сточарите за заштита од африканска свинска чума

Објавено 23/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја предвид епизотиолошката соостојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава за да се заштитат.

На сточарите кои одгледуваат свињи им се забранува одгледување и испаша на свињите на отворено. За непочитување на оваа мерка, свињите ќе бидат без надомест одземени од сточарите и хумано убиени и нештетно отстранети.

Со решението се забранува ставање во промет на свињи преку добиточните пазари и собирните центри. Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните сите одгледувачи на свињи имаат обврска да ги воспостават и одржуваат основните биосигурносни мерки на фармите. На одгледувалиштата од категоријата фарми со ,,висок ризик,, им се забранува набавка и внесување на свињи доколку ги немаат воспоставено основните биосигурносни мерки.

Со решението наложено е задолжително пријавување на сомнеж на болест или угинување на свињи до најблиското ветеринарно друштво или официјален ветеринар на АХВ. Сточарите треба ажурно да го водат Регистарот на одгледувалиште и во него да ги евидентираат сите активности на фармите.
Фармерите имаат обврска да водат евиденција за движењето на животните кои мора да се идентификувани, со валиден сертификат за здравствената состојба и документ за Ланец на исхрана доколку се транспортираат до кланица за колење. Да се води сметка животните да не доаѓаат во контакт со други животни кои имаат непознат здравствен статус. Од одгледувачите кои нема да ги исполнат условите за движење на животните од решението, свињите ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот, доколку се затекнат во промет.

Свежото месо, подготовките, производите од месо и нус производите од дивите животни приемчиви на болеста, согласно донесеното решение на АХВ, не смее да дојдат во контакт со животните на фармите, бидејќи преку нив може да дојде до пренесување на болеста.

Ловџиите или лицата кои имале контакт со диви приемчиви на болеста животни, не смее да имаат со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

Болеста африканска свинска чума се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектор – мек крлеж од родот Ornithodoros.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:свинска чума
Претходен напис „Тиквеш“ со онлајн-дегустација на „Тераса во сенка“: Како да добивме „Златна палма“ во Кан
Следен напис Цвеќе што се јаде: Луксуз и здравје во чинија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?