Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
Агровести

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

Објавено 06/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци, се вели во соопштението од Тиквеш, што МИА го објавува интегрално.

Ова престижно признание е доказ за посветеноста на „Тиквеш“ кон создавање автентични жестоки пијалаци со препознатлив карактер, во кои се испреплетуваат искуството, знаењето и современите производствени пристапи. Истовремено, наградата го афирмира и богатството на македонската традиција на производство на лозова ракија, потврдувајќи дека производите со внимателно негуван квалитет можат успешно да се позиционираат на меѓународната сцена.

„Spirits Selection by CMB“ е меѓународен натпревар посветен на оценување жестоки алкохолни пијалаци од целиот свет, во различни категории. Меѓународното оценување се потпира на знаењето на внимателно избрани меѓународни експерти и професионални дегустатори, со докажано искуство во делот на жестоките пијалаци. Оценувањето се спроведува преку дегустации „на слепо“, во строго контролирани услови, при што членовите на жирито немаат информации за идентитетот на производителот, потеклото или цената на производите. На тој начин, одлуките се темелат исклучиво на квалитетот и сензорните карактеристики на секој производ.

Златниот медал за „Kumova Reserve“ е признание за ракија во која традицијата, внимателно одбраните суровини и прецизните производствени техники се надополнуваат во комплексен и хармоничен производ. Оваа премиум лозова ракија е создадена првенствено од дестилати од сортата грозје Смедеревка. Со 45 проценти алкохол, таа одлежува околу три-четири години, во комбинација од стари и нови дабови буриња, каде што постепено ја развива својата комплексност, длабочина и препознатлив карактер.

- Реклама -
Ad image

„Kumova Reserve“ се одликува со интензивна златна боја со нежни нијанси и богат, слоевит ароматичен профил. Во мирисот се издвојуваат елегантни ароми на црвено јаболко, свежо грозје и чоколадо, со суптилен допир на ванила. Вкусот е богат и мек, со ноти на овошен џем и добро интегриран даб. Совршената рамнотежа на алкохолот и вкусот создава хармоничен и заокружен впечаток, со суптилна горчлива нота во завршницата.

Ова признание се надоврзува и на долгогодишните меѓународни успеси на вината на „Тиквеш“, кои редовно освојуваат значајни награди на најреномираните светски вински натпревари. Со просек од над 100 награди и признанија годишно, вклучително и високите одликувања на „Decanter World Wine Awards“, „International Wine Challenge“, „Mundus Vini“ и „Sakura Japan Women’s Wine Awards“, „Тиквеш“ континуирано го афирмира квалитетот и автентичноста на македонските вина на меѓународната сцена.

Фото „Тиквеш“

Може да ви се допадне

За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите
МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството
Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство
Извозот зголемен за 10,8 проценти, надмина 6,6 милијарди евра за девет месеци
Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец
Таг:Kumova ReserveSpirits Selection by CMBзлатен медалпризнаниеТиквеш
Претходен напис За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?