Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларките од „Меден Исток“ ги охрабруваат и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Пчеларките од „Меден Исток“ ги охрабруваат и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката
Органско производство

Пчеларките од „Меден Исток“ ги охрабруваат и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката

Објавено 17/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Во ЈГПБР „Меден Исток“, 30% од членовите се жени од руралните средини од Брегалничкиот Регион. Повеќето од нив со пчеларство започнале откако се вклучиле во обуките за пчелари-почетници организирани од Програмата за зачувување на природата – ПЗП.
Денес, тие дополнително го зголемиле бројот на пчелни семејства и размислуваат оваа дејност да им прерасне во сериозен извор на приходи, но сепак истовремено грижејќи се за природата и за биолошката разновидност.

Нада Јангеловска

„Пчеларството е дејност која треба да се работи со многу љубов и грижа кон пчелите“ е пораката на Нада Јангеловска од Македонска Каменица која што со пчеларство се занимава од 2015 година и е активен член на ЈГПБР „Меден Исток“ од самите почетоци.

Нада Јангеловска

Преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП) таа успеа да ги надгради нејзините знаења и вештини за одгледување на пчели и постепено да ги зголемува пчелните семејства. Како жена од рурална средина која се занимава со пчеларство, Нада ги охрабрува и другите жени кои имаат желба да одгледуваат пчели, да не се двоумат во одлуката, бидејќи жената како и мажот може исто да ги одгледува пчелите, но и да остварува дополнителен приход.

Наташа Петрушева

Пчеларникот на Наташа Петрушева се наоѓа во прекрасната природна средина во речиси целосно отселеното с. Бунеш на 690 м.н.в во близината на Пробиштип. За прв пат со оваа дејност се сретнала на обуката за млади пчелари во Брегалничкиот регион, организирана од Програмата за зачувување на природата (ПЗП) и сега заедно со нејзиното семејство е посветена на проширување на пчеларникот и остварување на основни приходи од пчеларството.

Наташа Петрушева

Наташа порачува да ги сакаме и да се грижиме за пчелите, бидејќи тие се важни за зачувување на природата и општо за човештвото.

Мирјана Ивановска

Мирјана Ивановска од Македонска Каменица со пчеларство се занимава од 2002 година. Денес таа одгледува над 50 пчелни семејства и е активен член во ЈГПБР „Меден Исток“ уште од самото формирање. Во рамки на Програмата за зачувување на природата, нејзиниот пчеларник беше селектиран како еден од пчеларниците на кои беа тестирани и промовирани биотехничките методи: Затворање на матицата во кафез и Отстранување на легло. Според нејзе и двата методи се покажале како успешни, и затоа таа продолжува да ги користи овие методи со што нејзиниот мед е целосно безбеден, природен и квалитетен.

Мирјана Ивановска

Со спроведување на активностите на ЈГПБР „Меден Исток“ за интегрирање и промоција на одржливиот начин на пчеларење, пчеларството станува сè поатрактивно за жените од руралните средини, што дополнително охрабрува и многу други да се занимаваат со пчеларство.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:брегалнички регионмеден исток
Претходен напис Компаниите на ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 48% удел
Следен напис Првите количини пролетна зелка од Струмичко се извезуваат на балканските пазари и во Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?